Македонија
Мигрантите ги зашиваат усните во знак на протест
Мигранти си ги зашиваат усните, во знак на револт на јужната македонска граница со Грција, затоа што Македонија, како претходно и Словенија, Хрватска и Србија, одлучи да не пропушта економски мигранти, туку само бегалци од воените зони.
Како што јавуваат повеќе медиуми, неколку мигранти си ги зашивале усните во знак на протест што цела недела се заглавени на јужната граница, кај местото камен 59.Меѓу нив се мажи од Пакистан, Иран и Курдистан, кои со игла и конец ги зашија своите усни, со што порачуваат дека не отстапуваат од своите намери да отидат во некоја од земјите на ЕУ.Македонија, Србија, Хрватска и Словенија ја спроведоа одлукат за селективност на пропуштањето бегалците, при што предност им се дава на бегалците кои доаѓаат од земјите каде има војна.Мигранти од Мароко, Иран и Пакистан, го блокирале железничкиот сообраќај на границата на Грција и Македонија и бараат премин кон западноевропските земји, пренесува Reuters.Еден Иранец почнал и штрајк со глад, на границата, а ја зашил и устата со најлон, па за Reuters вели дека не може назад.На прашањето, каде сака да оди, овој 34-годишен маж по име Хамид вели: „Во која било слободна земја на светот. Јас не можам назад. Ќе ме обесат.“Повеќе бегалски семејства се вратиле во Атина, но пристигнуваат нови.Како што објавивме, во текот на вчерашниот ден во Македонија влегоа вкупно, 5.979 мигранти, што е рекорд во однос на минатите месеци.Стотици илјади мигранти, од кои најмногу Сиријци, кои бегаат од војната во нивната земја, заминаа преку Турција во Грција и потоа во земјите на запад, претежно во Германија и во Шведска, преку земјите на Балканот.Меѓутоа, минатата недела, Словенија соопшти дека ќе овозможи поминување само на воените бегалци од Сирија, Авганостан и Ирак, а дека останатите економски мигранти ќе бидат вратени.По Словенија, истото го соопштија и Хрватска и Србија и Македонија, така што се повеќе расте бројот на оние кои останаа блокирани на границите на Балканот, а зимата се приближува.Здруженијата за човекови права ги осудија таквите одлуки и повикуваат да не се прави дискриминација на бегалците на национална основа.„Да се прогласи цела нација за економски мигранти не е начело познато во меѓународното право“, вели Радош Ѓуровиќ, директор на Центарот за заштита и помош на баратели на азил со седиште во Белград, за српска телевизија. „Ризикуваме кршење на човековите права и законот за азил“, додава тој./крај/мф/бб
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголем е одѕивот во Новаци – 42,87, а најмал во Врапчиште – 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Другите се во обработка.