Македонија
Минчев: Македонија спроведува системски промени за професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација.
Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе спроведува суштински и системски промени насочени кон изградба на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди.
„Патот кон Европската Унија не се гради само преку усогласување на законите, туку преку институции што функционираат и администрација која испорачува резултати“ истакна министерот.
Тој потенцираше дека реформите се темелат на зајакнување на лидерството, воспоставување на современа законска рамка и забрзување на дигиталната трансформација, при што беше нагласено донесувањето на новите закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за обука и стручно усовршување, како и подготовката на Законот за високи раководители со кој се воспоставува јасен и мерит-базиран систем за избор и оценување на раководниот кадар.
Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето на Академијата за обука на административните службеници како клучен механизам за континуиран професионален развој и градење на нова генерација јавни службеници.
„Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции и одржлива европска иднина“ нагласи министерот.
Во рамки на конференцијата, учесниците усвоија заеднички заклучоци кои ја рефлектираат заедничката визија за иднината на јавната администрација во регионот.
Беше нагласено дека професионална и ефикасна јавна администрација е клучна за демократско управување и напредок кон ЕУ, при што зајакнувањето на капацитетите, мерит-системот и политичката посветеност се стратешки приоритети. Силното лидерство, управувањето со таленти и добрите работни услови се важни за ефективни институции, додека дигиталната трансформација и агилноста ја подобруваат ефикасноста и транспарентноста.
Исто така, беше истакната улогата на регионалната мобилност поддржана од РеСПА како алатка за размена на знаења и приближување кон ЕУ практиките.
Со учеството на оваа конференција, Македонија уште еднаш ја потврди својата јасна определба за продолжување на реформите, зајакнување на институционалните капацитети и забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнуваат во соопштението од неговиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија.
На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата.
Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната политичка состојба во државата, како и на закочениот европски пат на земјата.
Ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите, внесувањето на малцинствата во Уставот и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на земјата на европскиот пат.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди
Врeмето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во петок и во деновите од продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h
Македонија
Муцунски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ: разменети мислења за забрзување на реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија.
На средбата, Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, беше презентиран и напредокот во изработката на Акцискиот план за почитување на правата на заедниците, како и тековните активности во рамки на Реформската агенда и останатите обврски од европскиот интегративен процес.
Посебно беше нагласена и континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија.
На средбата беа разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување.
Во таа насока, беше истакната важноста од засилена регионална соработка, искористување на концептот на постепена интеграција, размена на искуства и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.
Средбата е дел од редовниот дијалог со претставниците на земјите членки на Европската Унија, насочен кон отворена размена на мислења и координација околу прашањата поврзани со европската интеграција на државата.
