Контакт

Македонија

Минчев на процесот на ко-креирање на новиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7).

Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на креирање политики.

Во своето обраќање, Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува значаен механизам за унапредување на демократското управување и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните.

„Партнерството за отворена власт претставува важен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во креирањето политики. Преку оваа иницијатива се создаваат предуслови за политики кои се поинклузивни, поефикасни и ориентирани кон реалните потреби на општеството“ истакна министерот Минчев.

Тој нагласи дека суштината на процесот се темели на партнерство меѓу институциите и граѓанското општество, што овозможува заедничко дефинирање на реформските приоритети и градење одржливи политики.

„Отворената власт не е цел сама по себе. Таа е средство за подобро управување, за поквалитетни политики и за институции кои работат во интерес на граѓаните. Нашата заедничка цел е да изградиме систем во кој транспарентноста, отчетноста и учеството ќе бидат стандард во работењето на институциите, а не исклучок“ нагласи министерот.

На конференцијата се обрати и националната координаторка за Партнерство за отворена власт во Министерството за јавна администрација, Гордана Гапиќ Димитровска, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, како и Данче Даниловска-Бајдевска, координаторка на Мрежата на граѓански организации за ПОВ при Фондацијата Метаморфозис.

Гапиќ Димитровска истакна дека процесот на ко-креација претставува можност за заедничко утврдување на приоритетите и креирање политики кои директно одговараат на потребите на граѓаните.

„Денес го започнуваме циклусот на ко-креација кој се темели на отворен дијалог и активно учество на сите засегнати страни. Целта е преку партнерски пристап да ги идентификуваме приоритетите и да креираме заложби што ќе дадат конкретен одговор на потребите на граѓаните и ќе придонесат за поефикасни и подостапни јавни услуги“ истакна Гапиќ Димитровска.

Таа нагласи дека резултатите од претходните акциски планови покажуваат дека партнерскиот пристап носи конкретни придобивки за граѓаните и придонесува за зајакнување на довербата во институциите.

Новиот Национален акциски план за периодот 2026–2028 ќе се фокусира на клучни области како што се антикорупција, интегритет и отчетност; граѓански простор, учество и слободи; дигитално управување; клима и животна средина; како и отворен парламент и отворено судство.

Во рамки на настанот беа претставени и чекорите и временската рамка за подготовка на новиот акциски план, а учесниците имаа можност активно да се вклучат во процесот преку работа во тематски групи, со цел заедничко дефинирање на приоритетите и заложбите за периодот 2026–2028.

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на иницијативата за ПОВ, со цел да се обезбедат конкретни резултати кои ќе придонесат за поголема транспарентност, отчетност и современа, отворена јавна администрација во служба на граѓаните.

Најново

Свет4 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет4 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет4 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет5 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет6 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија6 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава6 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија6 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава7 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....