Контакт

Македонија

Министерство за животна средина: Завршено уредувањето на коритото на „Мала Рада“, нов модерен и безбеден јавен простор за граѓаните

Објавено пред

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваа на настанот по повод успешното завршување на проектот за уредување на речното корито на водотекот „Мала Рада“ во општина Кисела Вода.

Во своето обраќање, Мицкоски, истакна дека овој проект е уште еден пример за посветеноста на Владата кон рамномерен локален и регионален развој, преку директна поддршка на општините и реализација на проекти што носат конкретна и видлива корист за граѓаните. Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да поддржува инфраструктурни зафати што создаваат подобри услови за живот, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина во општините.

Проектот беше реализиран во две фази, со што се овозможи планско, континуирано и целосно уредување на овој потег од водотекот „Мала Рада“, во должина од околу 2,5 km. Со неговата реализација, просторот доби целосно нов, уреден и функционален лик: изведено е бетонско дно на коритото, изградена е пешачка патека со современо осветлување по целата нејзина должина, довршен е венецот на потпорните ѕидови и поставена е урбана опрема за дополнително уредување и оплеменување на просторот.

Проектот е целосно финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку финансирањето инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, во износ од 57. 821. 286,2 денари.

Лашкоска истакна дека ваквите проекти имаат директна и видлива корист за граѓаните, бидејќи истовремено придонесуваат за подобра заштита на животната средина, поголема безбедност и поквалитетен јавен простор.

Таа додаде дека МЖСПП ќе продолжи да ги поддржува општините во реализација на проекти што решаваат конкретни локални потреби и носат трајна вредност за граѓаните.

Со уредувањето на просторот, додаваат од општината, се создава модерен, безбеден и функционален јавен простор наменет за рекреација, дружење и секојдневен престој на граѓаните од сите генерации. „Проектот претставува пример за тоа како со координирана соработка меѓу централната и локалната власт може да се реализираат конкретни решенија што ја подобруваат урбаната средина и секојдневниот живот на локалната заедница“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет10 минути

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет54 минути

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет58 минути

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија1 час

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет1 час

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава1 час

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт1 час

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...

Забава1 час

(Видео) Рики Мартин драстично го промени својот изглед и блесна во Венеција

Филмскиот фестивал во Венеција донесе не само гламурозни модни изданија, туку и драстични промени во изгледот на некои славни личности....

Спорт1 час

Гулер доби нов договор

Реал Мадрид се согласи да ја продолжи соработката со турскиот фудбалер Ардо Гулер. Арда Гулер ќе остане во Реал и...