Македонија
MINT Fintech Group: Година исполнета со општествена одговорност и позитивно влијание

Во изминатата година, MINT Fintech Group докажа дека успехот не се мери само во деловните резултати, туку и во трајното влијание врз заедницата. Како компанија која ги спојува финансиите и технологијата, MINT посветено работи на создавање подобро општество преку серија општествено одговорни активности, насочени кон едукација, спорт, култура, инклузија и одржлив развој.
Поддршка на образованието и младите таленти
Образованието е во срцето на нашите иницијативи. Изминатата година, MINT организираше повеќе финтек работилници за студенти, со цел да ги запознае младите со новите трендови во дигиталните финансии. Преку партнерства со универзитети и иновациски центри, обезбедивме стипендии за перспективни студенти и менторска поддршка за нивниот професионален развој.
Поддршка на спортот
Спортот е основа за здрав и динамичен живот, а ние со гордост ја поддржавме спортската заедница преку соработка со водечки клубови и настани. Со повеќе од 20 спортски настани, ја потврдивме нашата заложба за промоција на здравите навики и спортскиот дух, вклучувајќи:
• ФК Пелистер, РК Пелистер и КК Пелистер – спортски симболи на Битола
• Олимпијада, каде што ги поттикнуваме младите спортисти
Културата како инспирација
Со силна верба во значењето на културата, MINT поддржа над 10 културни настани, кои ја збогатуваат уметничката сцена и ја инспирираат заедницата, како што се:
• Народен Театар Битола (НТБ) – поттик за креативност и уметност
• Зимска приказна – празничен фестивал кој го слави духот на заедницата
• Колонија на писатели, каде што уметниците добиваат можност за креативен израз
• Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ја слави филмската уметност
Зелената агенда и одржливи практики
MINT Fintech Group ја поддржува зелената агенда преку воведување еколошки практики, како што се:
• Дигитализација на процесите за намалување на хартијата
• Оптимизација на енергетската ефикасност во канцелариите
• Соработка со иницијативи за садење дрвја и одржлив урбан развој
Поддршка на здравството и хуманитарни акции
Нашата заложба за заедницата се манифестира преку конкретни донации за:
• Клиничка болница Битола, со фокус на гинеколошкиот и детскиот оддел
• Поединечни донации, вклучително поддршка за црковни настани и помош на социјално загрозени семејства
Финтек за подобра иднина
Во духот на иновациите и прогресот, MINT Fintech Group продолжува со својата мисија – да гради финансиски инклузивно општество и да креира одржливи решенија за иднината. Со гордост гледаме на постигнатото и со ентузијазам ги планираме идните проекти што ќе донесат уште поголема вредност за заедницата.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште еден земјотрес вечерва во Струмица

Втор земотрес вечерва ја погоди Струмица, во 20 часот и 41 минута.
Потресот е со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Пред само неколку часа, во Струмица беше почувствуван земојотрес од 2,8 степени.
Македонија
19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот херојски подвиг, откако беше објавено на социјалните мрежи дека успеал да спаси 21 дете.
„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, напиша една мајка на социјалните мрежи.
Таа го опишува Јован како вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикувал својат живот за да спаси туѓи животи.
„Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца“, додава мајката.
И други лица кои го познаваат, јавно го фалат херојството на ова младо момче.
„Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш, многумина можат да ти позавидат и тоа сосема оправдано. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован. Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари и секој еден присутен, само по допрен глас. Го ризикуваше сопствениот живот, за да спасиш туѓи. Поклон до земја… Учител на сите нас. Јован злато од дете!“, се вели во друга објава.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица, а 190 се повредени и хоспитализирани во домашните здравствени установи и во повеќе странски држави.
Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.