Контакт

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај границата со Косово, трет ден трае борбата со огнот

Објавено пред

На територијата на Град Скопје има само еден активен пожар на отворен простор кој пред два дена од косовска страна навлезе на македонска страна кај село Грачани, општина Ѓорче Петров, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој додава дека пожарот не загрозува населени места, горат пред се трева, грмушки и ниски смреки кои создаваат силен пламен и уште посилен чад. На некои места пожарот се движи ниско по земја низ мешовита шума.

„Во среда покрај скопските пожарникари во гаснењето учествуваа и два ер трактори на ДЗС. Вчера (четврток) еден македонски полициски хеликоптер помогна на косовските противпожарни служби гаснејќи од косовска страна каде пожарот беше поинтезивен бидејки се работи за ист пожар кој е активен од двете страни на границата. Скопските пожарникари гаснеа од македонска страна“, вели Ангелов.

Синоќа ветрот дувал во насока на Скопје и чадот од пожарот кој е активен и на косовска и на македонска територија, можеше да се почувствува над неколку скопски населби.

„Тоа е истиот оној чад кој сите ние кои работиме на гаснење на пожари на отворен простор го вдишуваме секојдневно, од непосредна близина, во неспоредливо поголема концетрација. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови од линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно“, рече Ангелов.

Тој најави дека утрово продолжува гаснењето со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка ќе им дадат два „ер трактори“ на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија4 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија7 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет15 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион26 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија36 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија41 минута

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија45 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија55 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија1 час

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...