Контакт

Македонија

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

Објавено пред

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на  врати, прозорци, под, промена на водоводот, санитарните јазли, итн., и додаде дека набргу ќе биде заменет и покривот.

„Исто така имаме уште еден процес, замена на покривите. Се работи за инвестиција од околу 20 милиони денари во повеќе касарни… очекуваме дека негде до крајот на годинава целосно ќе се завршат сите овие зафати што ги имаме започнато во повеќето касарни“ рече министерот.

Мисајловски порача дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија и дека министерството и Армијата се максимално посветени за унапредување на условите за работа на припадниците.

„Ветив дека секој ден ќе биде подобро, чекор по чекор секаде ќе помагаме и ќе ги менуваме сите овие стари објекти. Со години не се фатило да се реновира, да се реконструира, да се гради ново нешто. Ќе го правиме тоа постојано“, потенцира Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на приклучување на хидрантска мрежа на издвоениот објект во Отовица во кој за прв пат припадниците ќе добијат питка вода.

Министерот кажа дека во овој период во повеќе касарни се вложуваат над 3 милиони евра, додека за следната година се планирани над 12 милиони евра за инфраструктура. Тој во оваа прилика истакна дека сето ова, стабилен одбранбен Буџет, нова и модерна опрема, капиталните инфраструктурни проекти , како и грижа за вработените, се целите кои се исполнуваат од почетокот на неговиот мандат.

Најново

Свет1 час

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет1 час

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...