Контакт

Македонија

МНР: Тврдењата за таен договор се само уште една во низата измислици на СДСМ

Објавено пред

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагира Министерството за надворешни работи, на прес – конференцијата на Андреј Жерновски дека Владата се подготвува за признавање на францускиот предлог.

„Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена. Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада. Токму тука е суштинската разлика меѓу оваа Влада и СДСМ. Во минатото, договори и компромиси се прифаќаа далеку од очите на јавноста и на штета на националните позиции. Денес, надворешната политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси и волјата на граѓаните. Транспарентноста и доследната заштита на националните интереси се клучната разлика меѓу оваа и претходната власт“, се наведува во реакцијата.

Од таму додаваат дека повеќе од очигледно е дека на СДСМ му е поважно преку вакви прес-конференции да им се додворува на одредени политички кругови во соседството отколку да ги брани интересите на сопствената држава и на сопствениот народ.

„Наспроти нивниот неодговорен пристап, Владата и Министерството постапуваат принципиелно и сите одлуки ги носат транспарентно, пред очите на јавноста и во согласност со јасно утврдените државни позиции“, пишува во реакцијата.

Најново

Свет1 минута

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: „Ќе возвратиме со иста мера“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на...

Македонија5 минути

„ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит“, велат од Левица

„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика...

Спорт5 минути

Станковиќ замина од Црвена звезда, се чека Алберт Ријера

Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда, објавија српските медиуми. Станковиќ поднел оставка по елиминацијата од Хапоел Бер...

Македонија14 минути

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата...

Македонија20 минути

(Видео) Штерјова: Изворот на труење не е ставен под контрола, има нови случаи на заболени и реинфекции во Гостивар

Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште...

Спорт27 минути

Роналдињо го презема кошаркарскиот клуб Монако?

Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој е во...

Спорт32 минути

Херојот на Светското првенство заминува во ПСЖ за 55 милиони евра

Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес (26). Еден од хероите на Светското првенство...

Спорт36 минути

(Видео) Чаварија во Челзи, претставен со специјално видео

Откако потпиша за Челзи, Пеп Чаварија беше претставен во специјално видео во кое пие кафе. 🎥 Pep Chavarría's welcome video...

Забава46 минути

Џенифер Лопез го покажа своето тело во бикини на 57 години: Изгледа неверојатно

Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и...