Контакт

Македонија

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Објавено пред

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи, велат од МНР.

„Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот.

За развојот на случајот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе ги информира меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. Ваквите постапки, за кои постојат и претходни примери, директно ја нарушуваат довербата меѓу двете држави и отвораат сериозни прашања за доследноста во почитувањето на заедничките европски вредности.

Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.

Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава6 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт7 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет7 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...