Македонија
Мобилна апликација која ги информира граѓаните каде најблиску може да направат бесплатен ХИВ тест
ХЕРА во петок ја промовираше првата мобилна апликација ХИВ тест која е веќе достапна на Google Play и којашто ќе им помогне на граѓаните да се информираат за ХИВ и да дознаат која е најблиската локација каде може бесплатно да се советуваат и да се тестираат за ХИВ.
Промоцијата на апликацијата е по повод почетокот на Европската Недела на ХИВ тестирање која ќе трае до 28-ми ноември. Таа е поддржана од повеќе од 680 организации ширум Европа, кои работат на превенција на ХИВ и годинешниот слоган е „Зборувај за ХИВ. Тестирај се за ХИВ“, а целта е да се подигне свеста на јавноста за придобивките од ХИВ тестирањето и воедно да се мотивираат граѓаните да направат ХИВ тест и да го дознаат својот ХИВ статус.
Во рамките на Европската Недела на ХИВ тестирање, младинскиот центар „Сакам да знам“ Водно, нуди советување и тестирање ХИВ, секој ден од 21 до 28 ноември од 15 до 20 часот, по што тестирањето продолжува како редовна услуга и по завршувањето на кампањата.
„Иако во последните години бројот на ХИВ тестирања е зголемен, статистичките податоци говорат дека на годишно ниво во Македонија сè уште мал број на граѓани самоиницијативно прават ХИВ тест. Дополнително последните европски статистики покажуваат дека 30-50% од 2,3 милиони лица кои се претпоставува дека живеат со ХИВ во Европа не се свесни за својот ХИВ статус. Понатаму, 50% од оние што се позитивни доцна се дијагностицираат, со што се доцни со пристапот кон третман. Доцната дијагноза се поврзува со здравствени компликации, додека, пак, оние лица кај кои ХИВ е рано дијагностициран и кои навремено започнале со антиретровирусна терапија живеат долго и квалитетно. Доколку ХИВ се открие навреме, односно се направи ХИВ тест и се обезбеди соодветен третман, ХИВ се третира како хронична инфекција со која може да се живее долго и квалитетно“, велат од ХЕРА.
Македонија има широко распространета мрежа на услуги за доброволно, доверливо и бесплатно ХИВ тестирање во 11 градови низ земјата. ХЕРА ги охрабрува сите граѓани, особено оние кои практикувале сексуален однос без кондом, да направат ХИВ тест, бидејќи сексуалниот начин на трансмисија се уште претставува доминантен начин на пренос на ХИВ, по кој следува преносот преку крвен пат и од ХИВ позитивна мајка на новороденче. ХЕРА потенцира дека тестирањето за ХИВ треба да биде доброволно и доверливо и секогаш да се прави со информирана согласност на клиентот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.