Контакт

Македонија

„Мобилни тимови за бесплатна правна помош“ информираат и помагаат на граѓани во Скопје, Битола и Штип за правни прашања

Објавено пред

Информативната иницијатива „Мобилни тимови за бесплатна правна помош“ се спроведува во просториите на Управата за водење на матичните книги три градови – Скопје, Битола и Штип од ноември 2025 година и ќе продолжи до 15 мај 2026 година. Таа има за цел да обезбеди директна помош за граѓаните во Скопје, Битола и Штип и да го подобри пристапот до правда преку овозможување на ранливите и маргинализираните лица, особено припадниците на ромската заедница, да добијат навремена правна помош и поддршка.

Секој граѓанин има право на примарна правна помош, без оглед на неговата економска, имотна, социјална, верска или етничка припадност. Примарната правна помош вклучува давање на првичен правен совет, општи правни информации, како и помош при пополнување на формулари со цел остварување на правата загарантирани со законските прописи на државата.

Во исто време, оваа иницијатива придонесува за зајакнување на капацитетите на студентите од правните клиники, кои на тој начин ги унапредуваат своите знаења и вештини за работа со клиенти. Истовремено, мобилните тимови за бесплатна правна помош обезбедуваат соодветно правно советување и упатување, правејќи го пристапот до правда подостапен за граѓаните преку интегрирање на правната помош и поддршка во рамки на постојните јавни институции.

Иницијативата предизвика интерес кај граѓаните во Скопје, Битола и Штип. Досега, примарна бесплатна правна помош е обезбедена за 943 лица од различна возраст и од различни етнички заедници. Во Скопје, бесплатна примарна правна помош е обезбедена за 351 лице, во Битола за 403 лица, додека во Штип за 189 лице. Некои од најчесто поставуваните прашања се однесуваат на запишување на новороденче во Матичната книга на родените, постапки за признавање татковство и запишување во Матичната книга на родените, наследни постапки и семејно-правни прашања, особено бракоразводни постапки.

Мобилните тимови за бесплатна правна помош во Управата за водење на матичните книги во Скопје, Битола и Штип се составени од претставници на граѓанскиот сектор (кои работат во здруженија овластени за давање на примарна правна помош) и студенти од правните клиники при Правните факултети во Скопје, Битола и Штип.

Иницијативата се спроведува двапати неделно во просториите на Управата за водење на матичните книги во овие градови, според следниот распоред:

· Мобилен тим во Скопје – секој понеделник и четврток од 09:00 до 11:00 часот;

· Мобилен тим во Битола – секој понеделник и среда од 10:00 до 12:00 часот;

· Мобилен тим во Штип – секој вторник и петок од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа иницијатива е организирана во рамки на заедничката акција на Европската Унија и Советот на Европа „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ (дел од Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција), во тесна соработка со Мисијата на ОБСЕ, Министерството за правда на Северна Македонија, Управата за водење на матичните книги и Министерството за дигитална трансформација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Средба Мицкоски-Ердоган: Потврдена блиската и стратешка соработка меѓу Македонија и Турција

Објавено пред

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

Според објавата на премиерот, на средбата било изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.

Продлабочување на економската соработка и нови инвестиции

„Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната. Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.“, стои во статусот на Мицкоски.

Како што напиша македонскиот премиер, претседателот Ердоган ја потврдил поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што била нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

На крајот од својата објава, премиерот Мицкоски изрази уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај , ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции.

Реализацијата на овој проект има големо значење за регионалното поврзување и за унапредување на транспортната инфраструктура, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата улога како важна транзитна и транспортна врска во регионот.

По завршувањето на сите административни процедури и обезбедување на соодветни банкарски гаранции ќе започне изведбата на терен и градежни активности.

На средбата беше потврдена и одличната соработка помеѓу Владата, Министерството и ЕБОР, при што беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурни проекти кои се од стратешко значење за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битола сака да стане велоград, ќе набавува електрични велосипеди за граѓаните

Објавено пред

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните.

Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени на изградените велосипедски патеки, односно на неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат со цел да ги користат велосипедските патеки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Трамп на самитот на Г7 ќе се сретне со светски лидери, можна средба и со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе учествува на самитот на Г7 во Франција, каде што ќе се сретне со...

Свет1 час

Трамп објави дека договорот за завршување на војната ќе биде потпишан утре, Иран вели нема да се случи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека првичниот договор за прекин на војната меѓу САД и Иран би можел да биде...

Спорт2 часа

(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија. Сепак,...

Свет2 часа

Германски генерал предупредува: Русија можеби развива технологија за поставување нуклеарно оружје во орбитата

Русија можеби работи на технологија која би овозможила поставување нуклеарно оружје во Земјината орбита, предупреди командантот на германските вселенски сили,...

Свет3 часа

„Никогаш нема да се откажам“ – по изборното фијаско, Орбан доби нов мандат во Фидес

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан повторно е избран за лидер на опозициската партија Фидес, и покрај тоа што на парламентарните...

Свет3 часа

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според неговите зборови,...

Свет4 часа

Виктор Орбан повторно избран за претседател на Фидес

Долгогодишниот унгарски лидер Виктор Орбан повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес на 32. конгрес што се одржа...

Свет4 часа

(Фото+видео) Белфаст меѓу немири и повици за единство: илјадници на антирaсистички протест

Околу 3.000 луѓе излегоа на антирaсистички протест во центарот на Белфаст, испраќајќи порака против омразата и насилството по неколкудневните немири...

Свет5 часа

Иран: Мировниот договор нема да биде потпишан утре

Големиот мировен договор меѓу САД и Иран, наместо историски триумф, викендов донесе целосна дипломатска збрка. Иако Пакистан веќе најави дека...