Контакт

Македонија

Мојсоска: Агенцијата за храна и ветеринарство три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко, директорот Миланов се занимава со AI-фотографии како му ја бакнуваат раката

Објавено пред

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира дека Агенцијата за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Оливер Миланов веќе цели три месеци официјално не ги објавуваат млекарите кои продавале канцерогено млеко.

Како што посочува Мојсоска, станува збор за млекари кои продавале канцерогено млеко, а кои биле „казнети“ со, како што наведува, смешни казни. И покрај тоа што поминале три месеци, имињата на млекарите сè уште не се официјално објавени од страна на АХВ и нејзиниот директор.

„Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот Оливер Миланов цели три месеци не ги објавуваат официјално млекарите кои продавале канцерогено млеко и кои беа ‘казнети’ со смешни казни“, објави Мојсоска.

Во меѓувреме, додека, како што наведува пратеничката, АХВ сè уште не ги објавува официјално млекарите, директорот Оливер Миланов на своите социјални мрежи објавува AI-генерирани слики од себе.

„Во меѓувреме, директорот Оливер Миланов на сториња си генерира AI слики како му ја бакнуваат раката“, пишува пратеничката од Левица.

Мојсоска се осврнува и на претходно објавениот скандал поврзан со директорот на АХВ.

„За истиов директор излезе скандал дека поставил незаконски камери за да ги демне вработените во Агенцијата“, наведува таа.

Пратеничката од Левица во својата објава го поставува и прашањето за одговорноста при именувањето директори на институции кои управуваат со јавни средства.

„Какви фрустрации и комплекси треба да носи човек за вакви слики да објавува од себеси? И уште поважно, какви ликови именува владата за директори на агенции кои управуваат со милионски буџети?“, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

Најново

Свет8 минути

Откако прими две смртоносни инјекции ги направи првите чекори: нови детали за Криста Пајк

Криста Пајк, која имаше неуспешен обид за егзекуција минатата недела во американската држава Тенеси, сега е „крената на нозе и...

Свет14 минути

Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

Британската полиција го ослободи со кауција и последниот, седми осомничен за подготовка на терористички напад врз американската воздухопловна база РАФ...

Спорт20 минути

Шпански медиуми: Тепачка на тренингот на Реал

Реал Мадрид повторно го тресат проблеми во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат дека дури и по враќањето во клубот, Жозе Мурињо...

Економија28 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија31 минута

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет39 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион50 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија60 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...