Контакт

Македонија

„Моменталниот изборен модел ги краде гласовите – една изборна единица е демократска неопходност“, велат од Левица

Објавено пред

„Откако ДПМНЕ соопшти дека наводно ќе прифати сè околу кое ќе се договорат опозициските партии во однос на Изборниот законик, со единствен услов да се прифати гласањето на дијаспората по пошта, една изборна единица останува во центарот на дебатата за промените на Изборниот законик. За Левица, една изборна единица отсекогаш е програмска определба и е единствената суштинска реформа што ќе обезбеди Собрание кое пореално ќе ја отсликува волјата на граѓаните“, велат од партијата Левица.

„Денешниот изборен модел ја дели Македонија на шест изборни единици. Во пракса, тоа значи дека партиите не учествуваат на едни парламентарни избори, туку на шест различни изборни натпревари. Наместо сите гласови да се соберат на едно место и според нив да се распоредат мандатите, секоја изборна единица има своја посебна пресметка. Последицата е дека илјадници гласови остануваат без политичка претставеност само затоа што во одредена изборна единица не биле доволни за освојување мандат.

Односно, партија може да добие значителна поддршка низ целата држава, а сепак да остане без пратеник затоа што тие гласови се расцепкани во шест различни изборни единици. Во една изборна единица, истите тие гласови би се собирале заедно и многу пореално би се претвориле во пратенички мандати. Така се намалува бројот на изгубени гласови и Собранието попрецизно ја отсликува политичката волја на граѓаните.

Сегашниот модел не го наградува оној што има најголема поддршка во државата, туку оној што успеал подобро да ја концентрира поддршката во одделни изборни единици. Со други зборови, сегашниот систем не прашува само колку граѓани гласаат за една политичка опција, туку и каде живеат тие граѓани.

Оттаму произлегува и најголемата политичка последица од сегашниот модел. Секој глас што не се претвора во мандат ја нарушува пропорционалноста на изборниот резултат и создава дополнителна предност за најголемите партии.

Колку повеќе изгубени гласови има, толку полесно поголемите партии освојуваат поголем удел од мандатите отколку што би имале во една изборна единица. Затоа шестте изборни единици не се случајно решение, туку механизам што со децении го одржува бипартизмот и ги штити партиите што наизменично владеат.

Дополнително, денешниот модел не ја вреднува еднакво ниту волјата на избирачите. Според актуелната распределба, во ИЕ1 за еден пратеник се потребни околу 9.018 гласа, а во ИЕ6 6.662. Тоа значи дека за ист политички резултат, во еден дел од државата се потребни илјадници повеќе гласачи отколку во друг. Нееднаквата вредност на гласот е директна последица на изборен модел што веќе одамна не може да обезбеди еднаква политичка претставеност.

Доколку ДПМНЕ навистина ќе го почитува договорот на опозициските партии околу изборниот модел, тогаш ги повикуваме сите опозициски партии да покажат политичка зрелост и јасно да застанат зад воведувањето на една изборна единица како суштинска демократска реформа“, се наведува во соопштението на Левица.

Најново

Забава10 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава10 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија11 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт11 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија11 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт11 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт11 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт11 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....