Контакт

Македонија

МОН го промовира порталот е-наука како точка на поврзување на истражувачите, бизнисите и меѓународните научни мрежи

Објавено пред

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување на индикатори, резултати, цитираност и h – индекс.

„Ги охрабрувам сите истражувачи од државните и приватните универзитети и високообразовни установи, од јавните и од приватните научни установи, научни институти и од МАНУ, како и самостојните истражувачи што работат во Македонија, но и истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар е-наука. Тој е транспарентна и сеопфатна алатка за откривање на нивната работа на домашна и меѓународна научна сцена“, рече министерката.

Досега се регистрирале 229 истражувачи. За секој од нив е прикажано формалното образование, вработувањето, научното звање, установата или факултетот кадешто работи, научното поле каде истражува, односно научно истражувачка идентификација, како и индикатори и резултати од застапеност во трите глобални научни бази – Scopus, Web of Science и Google Schoolar.

Преку е-наука, истражувачите добиваат можност за поедноставно поврзување со индустријата.

„Преку напредни пребарувања, бизнисите сега можат да идентификуваат кој научник или истражувач се занимава со областа што им е од интерес, а тоа поттикнува нови партнерства, го претвора знаењето во економска вредност и ги забрзува иновациите“, појасни министерката Јаневска, додавајќи дека и јавниот сектор, сите институции, агенции и фондови добиваат транспарентен преглед на нашиот национален истражувачки капацитет, можност за контакти и за носење одлуки засновани на научни докази.

Порталот е-наука е достапен и за меѓународните универзитети, глобалните истражувачки конзорциуми и мултинационалните центри за истражување и развој, што создава шанси за повеќе заеднички апликации за грантови, коавторства на трудови со големо влијание и зајакнување на позицијата на нашите научници во глобални рамки.

Е-наука е заложба вградена во програмата за работа на Владата, насочена кон побрз и одржлив развој на државата.

Министерката Јаневска рече дека  од година во година расте буџетот за научно-истражувачка дејност. Министерката рече дека во 2024 биле затекнати 380 милиони денари, а веќе следната 2025 година, за наука биле одвоени 680 милиони денари. Годинешниот буџет за наука има рекорди 773 милиони денари. Во тек е реализација се научно-истражувачки проекти од национален интерес вредни над 370 милиони денари, а за кадарот на факултетите и научните установи е обезбеден бесплатен пристап од базите Web of Science и Scopus.

Најново

Македонија10 минути

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија14 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија24 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет10 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава11 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт11 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...