Контакт

Македонија

Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево, велат од СДСМ

Објавено пред

Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“. Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата, прашуваат од СДСМ.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, додаваат од оваа партија, ја држи Македонија надвор од европскиот пат веќе две години.

„Реформите се блокирани, а самиот премиер јавно кажува дека ќе чекаме децении.

Во меѓувреме, Тимчо нè убедува дека сме „подготвени да бидеме долгорочен партнер“ на инвеститорите.

Какво владеење на правото?

Европската комисија објави еден од најлошите извештаи досега токму за политизираноста на правосудството и директното влијание на Мицкоски врз институциите. А Тимчо зборува за „зајакнување на владеењето на правото“.

Каква бизнис клима“.

Странските инвестиции, како што наведуватт, паднаа за над 60% откако ВМРО-ОКГ е на власт.

Како што оценуваат, ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа во земја каде што владее криминал, корупција и политичка контрола врз институциите.

„Тимчо зборува за „подобрување на бизнис климата“, додека реалноста е дека климата е таква што ги брка инвеститорите.

Горди сме на НАТО, вели Тимчо. До вчера ВМРО се бореше против влезот во НАТО, а денес Мицкоски преговара за БРИКС како руски proxy играч.

Гордоста доаѓа откако веќе сме внатре. Додека сме во НАТО, Мицкоски и неговите луѓе градат врски со оние кои се спротивставуваат на европскиот и евроатлантскиот пат.

Кога зборува за иновации, образование и дигитална трансформација, Тимчо очигледно мисли на „иноваторите“ од типот на градоначелникот Орце.

На препишувањето на историјата како што тоа го правеше будимпештанскиот романописец – Груевски, и на дигитална трансформација преку билборди и вештачка интелигенција во служба на графички дизајн.

А кога зборува за култура, веројатно мисли на Латас и неговата српско-националистичка, геобелсова пракса, антиевропска и проруски ориентирана култура на тајните служби“.

Од СДСМ прашуваат, каква е таа порта, со 10 часа чекање на граница.

„Ова е вистинската понуда на ВМРО-ОКГ: изолација, криминал, политизирано правосудство и бегање од Европа кон БРИКС.

А Тимчо тоа го нарекува „нови перспективи за соработка“. Само не знаеме со кого… можеби со Вучиќ“.

Најново

Забава4 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава18 минути

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава28 минути

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...

Култура41 минута

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16...

Македонија45 минути

Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот,...

Култура46 минути

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на...

Македонија49 минути

Променливо облачно време со сончеви периоди: наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Македонија56 минути

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа...

Спорт6 часа

Чави стана селектор на Холандија

Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, објави Фудбалскиот сојуз на Холандија. Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец...