Контакт

Македонија

Муцунски во Украина: Границите не можат да се менуваат со сила

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина.

Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право.

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски.

Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир.

„Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот.

Муцунски ја потврди и подготвеноста на Република Северна Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција.

„Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски.

Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина.

Најново

Свет2 минути

Откако прими две смртоносни инјекции ги направи првите чекори: нови детали за Криста Пајк

Криста Пајк, која имаше неуспешен обид за егзекуција минатата недела во американската држава Тенеси, сега е „крената на нозе и...

Свет8 минути

Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

Британската полиција го ослободи со кауција и последниот, седми осомничен за подготовка на терористички напад врз американската воздухопловна база РАФ...

Спорт13 минути

Шпански медиуми: Тепачка на тренингот на Реал

Реал Мадрид повторно го тресат проблеми во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат дека дури и по враќањето во клубот, Жозе Мурињо...

Економија22 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија25 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет32 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион44 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија53 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија58 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...