Контакт

Македонија

Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на овогодишниот форум е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за Целите за одржлив развој“.

Во својство на ко-претседавач, министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија, нагласувајќи ја потребата од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030 во услови на сè покомплексни глобални предизвици.

„Со помалку од пет години до 2030 година, прашањето не е дали сме посветени, туку дали сме подготвени да делуваме побрзо, попаметно и заедно“, истакна Муцунски.

Тој посочи дека за Северна Македонија Целите за одржлив развој не се апстрактна рамка, туку интегрален дел од националните политики, вградени во Националната стратегија за развој и усогласени со претстојната Рамка за соработка со Обединетите нации.

Во своето обраќање, министерот нагласи дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето резултати бара координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика.

„Фрагментацијата е непријател на напредокот. Трансформацијата бара координација – меѓу влади, меѓу сектори и меѓу држави“, нагласи Муцунски.

Во текот на дводневното учество, министерот ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон Агендата 2030, преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка. Во рамки на тематските сесии беше отворена и дискусија за потребата од поинклузивни индикатори за мерење на напредокот, со цел подобро рефлектирање на благосостојбата, еднаквоста и одржливоста.

Форумот обедини високи претставници на држави членки, Обединетите нации, меѓународни организации, граѓанскиот сектор, младите и приватниот сектор и претставува значајна платформа за размена на искуства и добри практики во клучни области, вклучително одржлива енергија, одржливи градови, партнерства за развој, како и вода и санитарии и индустрија, иновации и инфраструктура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија17 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија23 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт24 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет28 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт35 минути

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт41 минута

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија55 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија59 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...