Контакт

Македонија

Муцунски за Euronews: „Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме“

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за Euronews вели дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција.

Во интервјуто, министерот Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.

„Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација, не само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество“, истакна министерот Муцунски.

Осврнувајќи се на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, министерот посочи дека регионот се соочува со сериозни хибридни и малигни влијанија, нагласувајќи дека ваквите закани се засилуваат таму каде што расте фрустрацијата и се намалува довербата.

„Иако заканата постои, покажавме не само дека велиме оти сме отпорни, туку и дека навистина сме отпорни во пракса“, нагласи Муцунски.

Воедно, тој ја реафирмираше стратешката определба на државата кон членство во Европската Унија, потенцирајќи дека европската интеграција останува клучен надворешнополитички приоритет и најдобар механизам за долгорочна стабилност, безбедност и развој на регионот.

На прашањето дали одложувањето на членството во ЕУ може да ја оттурне Северна Македонија кон земји како Русија или Кина, министерот Муцунски истакна дека „хибридните закани напредуваат таму каде што расте фрустрацијата и каде што се губи довербата“.

Во интервјуто за Euronews, министерот Муцунски говореше и за актуелните безбедносни предизвици, улогата на НАТО и значењето на евроатлантската координација.

„Мојот став е дека, благодарение на претседателот Трамп, државниот секретар Рубио и целокупниот надворешнополитички апарат на Соединетите Американски Држави, НАТО е посилен од кога било досега“, изјави Муцунски во интервјуто за емисијата „12 Minutes With“ на Euronews.

Тој додаде дека тоа било „неспорно“ по минатогодишниот Самит во Хаг, каде членките се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП до 2035 година.

„Ова е многу амбициозна агенда, но и многу неопходна, имајќи ги предвид не само заканите од руската агресија врз Украина, која сè уште трае, туку и заканите во Индо-Пацификот и на Блискиот Исток“, рече Муцунски, додавајќи дека претседателот Трамп му дал на НАТО „повик за будење“.

Најново

Забава1 минута

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт2 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника2 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија7 минути

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...

Европа28 минути

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската...

Забава31 минута

(Фото/Видео) Девојката на Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа

Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои симпатиите од светот. Таа зачекори на црвениот тепих во волшебна,...

Европа34 минути

Три напади со нож за четири дена: Полска испрати 20.000 полицајци во училиштата

Денес во Полска започна голема полициска операција за да се обезбеди сигурноста на учениците, по три напади со нож во...

Македонија46 минути

Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта при пожарот во фабриката „Винчини“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја...

Црна хроника49 минути

Кривична против ексдиректор на Шумско стопанство – Свети Николе: склучувал договори без спроведена постапка и утврдени критериуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. Свети Николе поради постоење основи на сомнение...