Контакт

Македонија

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Објавено пред

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на Меѓународната конференција за Коридорот 8, каде што се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот 8“.

Меѓународната конференција, која се одржа неколку месеци по министерскиот состанок за Коридорот 8 во Тирана, на 18 февруари оваа година, претставува продолжение на инаугуративната сесија одржана во Бриндизи, Италија, на 27 јули 2023 година. Во фокусот на досегашните разговори беа актуелните инфраструктурни проекти долж Коридорот 8, како и предизвиците за кои е неопходно поголемо политичко внимание.

Во услови на променета геополитичка реалност и зголемени безбедносни и економски предизвици, учесниците ја реафирмираа позицијата дека инфраструктурните проекти долж Коридорот 8 треба да функционираат како единствен прекуграничен систем, а не како серија одвоени проекти што завршуваат на државните граници.

Во своето обраќање, Муцунски истакна дека Коридорот 8 одамна ги надминува рамките на традиционалната транспортна инфраструктура и денес има суштинско европско, економско и безбедносно значење. Тој нагласи дека коридорот претставува стратешка визија што ги поврзува Јадранското и Црното Море, Европската Унија и Западен Балкан, како и економиите, општествата и безбедносните интереси на земјите долж неговата траса.

„Во време на геополитичка фрагментација, нарушени синџири на снабдување и обновена конкуренција за критичната инфраструктура, ваквите коридори претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет“, истакна Муцунски, додавајќи дека Коридорот 8 е национален стратешки приоритет и важен дел од пошироките напори за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура.

Посебен акцент беше ставен на потребата политичките договори да се преточат во конкретна реализација. Во тој контекст, министерот се осврна на стапувањето во сила на Спогодбата со Бугарија за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел, како и на досегашната работа на Заедничката комисија задолжена за нејзино спроведување.

Муцунски нагласи дека Коридорот 8 мора да се развива како единствен прекуграничен систем, со усогласена динамика долж целата траса. „Нашите граѓани и нашите европски партнери, на крајот, ќе го оценуваат Коридорот 8 според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме, а не според бројот на средби што ќе ги одржиме“, порача тој.

На конференцијата беше истакнато и поширокото значење на Коридорот 8 како платформа за соработка во транспортот, енергетиката, дигиталното поврзување, трговијата, инвестициите, логистиката и безбедноста.

Муцунски ја потврди подготвеноста за натамошна тесна соработка со Бугарија, Албанија и европските партнери во надминувањето на тесните грла, обезбедувањето финансиски средства и забрзувањето на реализацијата на Коридорот 8.

Воедно, ја потврди и подготвеноста на нашата држава да биде домаќин на следната министерска средба за Коридорот 8, нагласувајќи дека неговата реализација треба да придонесе кон посилна регионална поврзаност, безбедност, просперитет и европска интеграција.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...