Македонија
МВР: Акцијата во Куманово беше спроведена по наредба од ОЈО

Министерството за внатрешни работи информираше во средата дека акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи укажува дека сите вработени во овој државен орган треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел да се избегнат ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на угледот на министерството“, се вели во соопштението од МВР
Инаку, припадниците на специјалната полиција се повлекоа во вторникот вечерта од домот на началникот на полицијата на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, откако претходно попладнето по налог на јавното обвинителство упаднале и извршиле претрес во домот на началникот, по реакција на граѓани тој не е приведен, но е одземена некаква документација.
Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на исто така кумановецот Оливер Спасовски од должноста, и повторно вратен со враќањето на вториот на чело на Министерството за внатрешни работи.
Според локалните медиуми околу 500 граѓани приврзаници на СДСМ се собрале за да не дозволат апсење на Величковиќ. Според засега неофицијални информации, акцијата на специјалците е најверојатно по обвинение за злоупотреба и изборен криминал./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.