Македонија
МВР издало 424 лични карти на лица од Пустец за гласање на изборите
Министерството за внатрешни работи издало 424 незаконски лични карти на лица од Пустец за да гласаат на локалните избори, обелодени министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, во средата.
Тој нашол докази дека сите овие 424 лица се наоѓале во Избирачкиот список и гласале во Општина Центар на локалните избори во 2013 година. Овие гласачи ги немало во Избирачкиот список во 2011 година, списокот почнал да се полни во 2013 година, во 2014 почнал да се проширува, а кулминација се случила во 2015 година.По околу дваесетина лица од нив се воделе на иста адреса и биле сместени во станови во државна сопственост.„Власта ги сместувала луѓето во станови во државна сопственост“, рече Спасовски.Вработени во Управата за издавање на лични карти признале и дале официјални писмени изјави дека незаконски издале лични карти, по наредба на нивните претпоставени кои им рекле дека се ближат избори и дека треба да бидат издадени лични карти, а документи им рекле дека ќе им бидат доставени дополнително. Спасовски најави соодветни постапки за лицата, вработени во МВР, вклучени во овој скандал, како и за другите институции кои се вмешани во незаконското издавање на лични карти.Неодамна Спасовски објави дека МВР издало 22 лични карти на лица без живеалишта во Македонија, во времето на претходната министерка на МВР, Гордана Јанкулоска. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.