Контакт

Македонија

МВР: Ниту еден од мигрантите во Ваксинце не посочил дека е жртва на присилба, закана или уцена

Објавено пред

Ниту еден од мигрантите кои беа пронајдени во полициската акција во кумановското село Ваксинце не посочил дека бил жртва на присилба, закана или уцена и сите дошле во Ваксинце по сопствена волја, велат од Министерството за внатрешни работи по спроведената акција којашто следуваше по написите во странски медиуми дека криминална група држи мигранти во заложништво во ова село.

dobivaj vesti na viber

Во акцијата пронајдени се вкупно 128 мигранти од Сирија, Ирак и други земји од Блискиот исток. Илегалните мигранти биле сместени во пет објекти, а во акцијата биле претресени вкупно десет куќи.Сопствениците на објектите, според сознанијата на МВР, ги изнајмувале куќите по цени во просек од 1.500 евра месечно, во зависност од тоа за каков објект се работи.Ако ги примале сами мигрантите им наплатувале од 5 до 10 евра само да се засолнат во објектот без да им дадат кревет за парите кои ги плаќале. „Од досега извршените разговори со илегалните мигранти, посочено е дека сите дошле во Ваксинце по сопствена волја, патувајќи од соседна Грција кон побогатите земји членки на Европската Унија, односно ниту еден од нив не посочил дека бил жртва на присилба, закана или уцена во однос на престојот“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.За криумчарње на мигранти ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица од село Ваксинце на возраст од 32 до 61 година, сопственици на објектите во коишто се пронајдени мигрантите.При претрес на објектите пронајдени биле еден пиштол марка „GROU MINI – 8 mm“ со рамка со 5 куршуми и 7 куршуми кои дополнително се пронајдени во ранец од мигрантите во чајџилница, каде што се откриени 41 мигрант. Во останатите објекти пронајдени и одземени се 11 куршуми 9 мм, компјутер, два лаптоп компјутери, три мобилни телефони, два џебни ножеви, една кошула со амблем на УЧК, еден тактички елек, една маскирна кошула без амблем и парични средства во износ од 2.400 евра. При претресот во куќите приведен е и шеесет и осумгодишен жител на селото кој е осуден на затворска казна за убиство коешто го извршил во 2001 година. „Причината за убиството е што пријавените, револтирани бидејќи сега убиениот не се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на приведеното лице, се упатиле кон неговата куќа и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде на 8 ми јануари 2001 година им подлегнал на повредите“, изјави Котевски. Откако во Македонија голем број на мигранти загинаа на железничките пруги и беа мета на шверцерите со мигранти, во процедура се измените на Законот за азил и привремена заштита. Од МВР појаснуваат дека завршила фазата на давање на предлози и сугестии и продолжува постапката за носење на Законот во Собрание. Со измените ќе им се овозможи на мигрантите легален транзит низ земјава во период од 72 часа или да побараат азил во Македонија. Ќе можат легално да платат превоз и други услуги.Мигрантите по приведувањето се сместуваат во прифатните центри, но голем број од нив се незадоволни од условите и бараат што побрзо да ги напуштат Центрите. Од МВР, велат дека немало инциденти при бунтот на мигрантите во Центарот во Гази Баба и дека тие мораат да ги почитуваат процедурите, односно сè додека не дадат изјави, да сведочат за кривично дело во коешто бил вмешан шверцер на мигранти./крај/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нови 75 позитивни на коронавирус – пријавени се две починати лица

Објавено пред

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 745 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (56 г) и Кавадарци (84 г), починати во период од 21.09 до 02.10 2022, лицата се починати во домашни услови.

Бројот на починати е 9.539, а бројот на активни случаи изнесува 446.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за одбрана за Ковачки: Кривична одговорност ќе има и за сторителите, но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал

Објавено пред

Министерството за одбрана како и досега професионално и одговорно ги извршува своите задачи и транспарентно известува за сите случувања, посочуваат од ова Министерство по напишаното од страна на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој информира дека од Министерството за одбрана биле украдени документи со назнака „строго доверливо“, и побара одговорност од Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

„За случајот со кражбата во одделението за одбрана, кое привремено е сместено во просториите на јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантните надлежни организациски единици во Министерството за одбрана, кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка. Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата, а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите, но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата“, велат од Министерството за одбрана.

„Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи, кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи што може да им наштетат на виталните интереси на државата бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: МВР е целосно отворено за соработка со Црвениот крст во справувањето со хуманитарните последици на миграциите

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Струга присуствуваше на настан посветен на почнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Македонија, поддржана и финансирана од страна на швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската агенција за развој и Меѓународната федерација на Црвниот крст и Црвена полумесечина.

dobivaj vesti na viber

На настанот присуствуваа и претставници од Македонско здружение на млади правници, Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Меѓународната организација за миграции, Центарот за управување со кризи, како и универзитетски професори. Министерот Спасовски му се заблагодари на Црвениот крст на Република Северна Македонија за поканата да биде говорник на денешниов настан на тема која, како што рече тој, по својата специфичност, по сложеноста, но и според потребата за еден мултиинституционален и не само државен туку и меѓународен пристап, објективно заслужува да биде предмет на постојан заеднички ангажман.

„Како што, впрочем, беше миграциската криза од 2015/2016 година кога низ територијата само на нашата држава како дел од т.н. балканска миграциска рута кон крајната цел – западноевропските земји – минаа помеѓу 800.000 до 1 милион мигранти од Блискиот и Средниот Исток и од Северна Африка“, истакна министерот Спасовски потенцирајќи дека поради првичната глобална неподготвеност да се проценат реалните димензии на кризата, во прв план беа ставени хуманитарните прашања.

„Она што многу бргу се сфати е дека е потребен систем, мултилатерален, и по содржина и по функција, кој може да превенира, администрира, документира и, секако, – да згрижи“, заклучи министерот Спасовски, при што рече дека Македонија во изминатите неколку години, во соработка со земјите од регионот, со Европската Унија, со низа релевантни меѓународни асоцијации и организации специјализирани за проблематиката со миграциите, активно учествуваше и се етаблира како важна алка во креирањето и градењето нови нормативни, системски и други мултилатерални решенија во насока на подготвеност при евентуални слични мигрантски кризи.

„И во сите тие идеи и концепти важно место имаат институциите со веќе етаблиран кредибилитет во кризно-хуманитарната сфера, како што е впрочем и Црвениот крст, кој по природата на своето постоење и ангажман секогаш е на самиот врв на кризното менаџирање. Оттаму, дозволете ми да ја изнесам својата лична констатација – дека натамошната активност на Црвениот крст и во делот на миграциите, во конкретниот случај реализацијата на програмата за миграции, „Хуманитарен аспект на мешани миграциски токови“, не само што е потребен туку и неопходен“, рече Спасовски.

Истакна дека Министерството за внатрешни работи е целосно отворено за соработка во натамошното развивање на капацитетите на Црвениот крст, да помогне со практични искуства и стручни согледување, а во интерес на остварување на благородните мисии на Црвениот крст. „Во конкретниот случај тоа е справувањето со хуманитарните последици на миграциите за зачувување на човечкото достоинство и човечкиот живот, како што тоа го налага меѓународното право, односно Женевските конвенции“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е...

Европа36 минути

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија2 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија4 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет4 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет4 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет6 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет6 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет6 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет7 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет7 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет7 часа

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион20 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа21 час

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет22 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија1 ден

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија1 ден

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...