Македонија
МВР: Обвителството ќе одлучи кога и како ќе ја информира јавноста за пукањето кон Влада
Обвинителството ќе одлучи кога и како ќе ја информира јавноста за инцидентот што се случи во вторникот вечерта кога два проектила завршија во зградата на Владата во строгиот центар на Скопје.
„По однос на овој инцидент Министерството за внатрешни работи постапи по сите наредби на обвинителот, за сите досегашни наоди испратени се повратни информации до Јавниот обвинител и по однос на информациите кои може и треба да и’ бидат достапни на јавноста, обвинителот ќе одлучи кога тоа да го направи и во каква форма да ја информира јавноста за текот на истрагата“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Од обвинителството ни изјавија дека ќе проверат дали има нешто ново во истрагата за овој инцидент и доколку има, ќе ја информираат јавноста.По инцидентот оттаму излегоа со кратко соопштение во кое се вели дека секое наведување на непоткрепени детали би претставувало шпекулација. „Во интерес на истрагата, во моментот, Јавното обвинителство на Република Македонија не може да сподели поопсежни информации“ стои во соопштението.Дневниот весник „Утрински весник“ излезе со информации дека кон зградата на Владата било пукано од ракетен фрлач РПГ. Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип оружје, оти со него не може да управува секој, анализира професионалниот војник Стојанче Ангелов за весникот.Според првичните сознанија на полицијата, проектилите што беа испукани во источниот дел на зградата на Владата се со поголем калибар, а било пукано од правец на Калето. Едниот проектил беше најден од страната на зградата којшто гледа кон мостот „Гоце Делчев“, а другиот проектил го погоди покривот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.
Македонија
Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“
Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“.
Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности, како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.
Како што пишува Алис Парк, виш дописник на „Тајм“, во образложението за изборот на Мојсов, Хабенер и Дракер, појавата на ефикасни лекови за слабеење, како што е „вегови“ (Wegovy), е кулминација на долгогодишната тимска работа.
Научниците во Европа и во САД, кои први работеа на лековите за дијабетес, направија критична врска помеѓу инсулинот и инкретините, дел од семејството цревни хормони, познати како глукагони, со што им помогнаа да разберат како да управуваат со нивото на шеќерот во крвта и тежината.
Во годинашната листа на магазинот „Тајм“ во категоријата највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.
Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.
Македонија
Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче
Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.
Од МВР информираа дека вториот приведен е В. Т. (36) од Скопје.
Претходно, Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец, кој учествувал во кражбата.
Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.