Контакт

Македонија

МВР: Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³, соопштија од оваа иснтитуција.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.

Ги информираат граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија.

Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата.

МВР ги потсетува граѓаните дека оваа задолжителна обука се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади.

Напоменуваат дека не смее да се управува мотоцикл до 125см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Најново

Македонија9 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава11 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава11 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет12 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет12 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија13 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...