Македонија
МВР: За 24 часа издадени потврди на 776 мигранти
Во понеделникот од страна на македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) биле издадени потврди за поднесување на барање на азил на вкупно 776 странски државјани, од кои 579 се мажи, 92 се жени, 82 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се и овојпат државјаните на Сирија – 608, Пакистан – 80, Ирак – 52, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 25-ти август издадени се потврди на вкупно 45.538 странски државјани, од кои, 31.463 се од машки пол, 6.259 се од женски, 7.102 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 714 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 37.008, потоа Авганистан – 2.134, Ирак – 2.121, Пакистан – 1.389, Сомалија – 564, Палестина – 561, Бангладеш – 323, Конго – 305, Нигерија – 162, Камерун -146 Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 25-ти до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во Јавната установа Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.
Во понеделникот до 17 часот мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на 162 лицa ,од кои 77 на Табановце и 85 на Гевгелија меѓу кои 13 трудници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.