Контакт

Македонија

На 9 јули почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, му се заканува доживотен затвор

Објавено пред

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули, четврток, започнува судскиот процес против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за четири убиства како и за два обиди за убиство.

Од Обвинителството наведуваат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.

Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

Така, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала.

Во точно неутврден временски период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во с. Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.

Третиот настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал.

Во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во с. Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви.

Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.

Последниот евидентиран настан е на 9 февруари во село Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре почнува собраниската расправа за реконструкција на Владата

Објавено пред

Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори.

Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Според предложените кадровски решенија:

– Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде заменет од Златко Перински.

– Иван Стоиљковиќ ќе го преземе Министерството за локална самоуправа, додека неговото досегашно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати.

– Во Министерството за правда, Јетон Шасивари доаѓа на местото на Игор Филков.

– За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен актуелниот државен секретар Борче Серафимовски, кој ќе го наследи Цветан Трипуновски.

– Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, кој доаѓа на местото на Фатмир Лимани.

– Нов министер за култура и туризам треба да биде Седат Сулејмани, кој ќе го замени Зоран Љутков.

– За министер без ресор задолжен за инклузија и спроведување на Стратегијата за Ромите е предложен Ерџан Демир.

Во меѓувреме, владината коалиција се прошири со Демократската партија на Турците, чиј пратеник во изминатиот период настапуваше како независен.

Премиерот Христијан Мицкоски дополнително треба да го соопшти името на кандидатот од оваа партија кој ќе раководи со министерство без ресор.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Објавено пред

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница.

Пријавата до ДЗС била доставена преку бројот за итни случаи 112.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство.

Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство.

По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, таа им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро.

Честитајќи им го бракот на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски, таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Сиљановска-Давкова им посака заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.

За неа, семејството е највозвишената човечка заедница, бракот е уметност на неможното, а децата неговото најголемо богатство.

Годинашната „Галичка свадба“ започна на 10 јули со традиционалното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичното фрлање три пушки од куќата на зетот, со што беше означен почетокот на свадбените свечености.

Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи една од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 часа

Синер по пресврт го победи Зверев и го освои Вимблдон

Јаник Синер ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Во финалето, по речиси четири часа игра, Синер го победи...

Црна хроника7 часа

МВР: Лишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување...

Македонија7 часа

Утре почнува собраниската расправа за реконструкција на Владата

Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат...

Македонија7 часа

(Фото) Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што...

Свет8 часа

(Видео) Руски војник изгуби контрола над моќен митралез при пукање, оружјето се вртеше неконтролирано

На социјалните мрежи се шири видео на кое, според наводите, се гледа припадник на руска мобилна противвоздушна единица кој губи...

Свет8 часа

(Видео) Нови експлозии во Иран: нападнат остров во близина на Ормутскиот Теснец

Неколку експлозии денеска се слушнале во јужен Иран, во близина на пристанишниот град Бандар Абас и крајбрежната област Кешм, јавија...

Свет9 часа

(Видео) Смртоносниот пожар во јужна Шпанија ставен под контрола, загинаа најмалку 12 лица

Големиот шумски пожар кој со денови беснееше во јужниот дел на Шпанија престана да се шири, откако стотици пожарникари и...

Свет10 часа

Трамп тврди дека Иран го прекршил договорот за само еден час: „Болни луѓе се“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД и Иран вчера постигнале договор, но дека Техеран го прекршил само еден час...

Македонија11 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција,...