Македонија
На пладне ќе бидат блокирани три крстосници во Скопје
Крстосниците кај Судска палата, кај Црвен крст и кај Соборниот храм, во среда на пладне ќе бидат блокирани од поддржувачите на движењата „Протестирам“ и таканаречената „Шарена револиција“.
„Преку блокирање на улиците ќе покажеме како, всушност, изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните“, најавија организаторите.Организаторите на овие протести побараа разбирање и поддршка од граѓаните бидејќи „ова го прават за подобра иднина“ на земјата.Тие најавија дека го менуваат начинот на изразување револт од политичките одлуки, па по 58 дена повеќе нема да организираат протести секој ден во 18 часот, но секојдневно ќе одржуваат најразлични герила-акции. Минатата недела, еден ден истите крстосници беа бликирани од демонстрантите на пладне, а градот се соочи со метеж во сообраќајот. Преку центарот беа потребни и до час и половина да се помине од една на друга страна со автомобил, па и со автобус од градскиот јавен превоз. Последните нивни барања се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите. Рокот за ова е до 18 јуни./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.