Daily news
Бушати: Нема „Тиранска платформа“, туку само документ напишан од три албански парламентарни партии во Македонија
Албанија беше една од првите земји кои ја признаа Македонија и една од малкуте земји во соседството која никогаш не го оспорувала територијалниот интегритет на Македонија, ниту пак идентитетот или јазикот, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати во интервју за порталот EurActiv.
„Една третина од населението кое живее во Македонија се Албанци и тие секогаш биле проевропски и проатлански настроени. Веројатно е многу тешко да се најде некој попријателски сосед на Македонија од Албанија“, вели албанскиот министер.
Околу обвинувањата за ткн „Тиранска платформа“, Бушати вели такво нешто не постои и дека се работи за документ којшто е напишан од страна на три од четири албански политички партии кои се застапени во Парламентот на Македонија.
„Ние ги поддржавме овие партии бидејќи гледаме дека во овој документ има јасна намера од страна на Албанците за обединета Македонија, а второ со него се бара подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, додека третото е имплементација на Пржинскиот договор. Четврто, се бара деблокирање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ преку нормализација на односите со Грција, исто така и со Бугарија, како и со Албанија и Косово како соседи на Македонија“, вели Бушати во интервјуто за EurActiv./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
