Надворешна политика
Вајгл ги демантира изјавите за Груевски, тврди дека не пренел ништо од нивната средба

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајгл, во саботата во изјава за МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во телефонски разговор од неговата родна Словенија, Вајгл негираше дека воопшто споменувал некого индивидуално во однос на македонската политичка криза, камоли дека, според пишувањето на некои медиуми, тој пренесувал што Груевски нешто и некогаш му кажал на него.
„Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас не зборував за тоа. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за Нова ТВ (интернет сајт, н.з.), а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци“, рекол Вајгл во телефонска изјава за МИА.
На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник децидно негира. „Не, не сум зборувал такво нешто. Никаде не сум кажал такво нешто за некого лично“, демантира Иво Вајгл.
Известувачот за Македонија во Европарламентот, за крај посочи дека се што тој лично изјавил е кажано директно во микрофон или на телевизија и дека истото е јавно и достапно, и дека тоа нема директна врска со тоа што некои медиуми го пренеле како негова наводна изјава./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бугарскиот амбасадор им се враќа на дипломатските должности во земјава

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во земјава, потврдуваат од македонското МНР.
Ангелов денеска во Скопје пристигнал со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично како што велат надлежните, останува во земјава.
Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, „сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци, а по последнниот инцидент во кој беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков“.
Македонското Министерство за надворешни работи изрази жалење за потегот на Софија да го повика на консултации својот амбасадор оценувајќи го таквиот чекор како „неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“.
Македонија
Маричиќ – Вархељ: Реформите и комплетираната преговарачка рамка се гаранција за членство на Македонија во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, при што разговараа за задачите и обврските што ги имаме да ги завршиме оваа година поврзани со процесот на евроинтеграција.
Успешно и бргу да ги направиме реформите, било едно од барањата на еврокомесарот Вархељ и со политичкото обединување за евроинтегративниот процес и успешните уставни измени Македонија да ја загарантира европската перспектива.
На средбата еврокомесарот Вархељ ја потврди поддршката што Македонија ја има од европските партнери, која, според Маричиќ, треба да ја искористиме и да биде мотив да продолжиме со процесот на преговори подинамично и интензивно.
На средбата вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ го брифира еврокомесарот за текот на скринингот и подготовките за изработка на важните патокази, како и за изработката на приоритетниот реформски план.
„Имаме капацитет да го задржиме темпото на скрининг и да го искористиме овој дел од преговорите за да подготвиме темелен реформски план, кој за кратко време ќе ги исполни очекувањата и на ЕУ и на македонските граѓани“, рече вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ со еврокомесарот за проширување, Вархељ, зборуваше и за актуелните политички случувања и заедничкото справување со енергетската криза.
За односите со Бугарија беше констатирано дека разликите мора да се решаваат врз европските вредности, на европски начин, со меѓусебно почитување и во духот на добрососедските односи.
Македонија
Зајкова од Копенхаген: Автократските владите може да бидат закана за слободата и демократијата

Во 21 век постојат пратеници во Европскиот парламент, кои доаѓаат од редот на земји членки на Унијата, што негираат право на самоопределување и постоење, користејќи го правото на посилниот и тоа ги доведува во прашање принципот на демократијата и европските вредности. Демократските структури постојано се ослабуваат, а демократските процеси се сведуваат на владини процедури, плебисцити и работа за односи со јавноста. Способноста на демократската политика да се наметне против економската моќ е намалена, истакна претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, на панелот „Потенцијалот на трансформативните движења, граѓанското општество и прогресивните партии“ во Копенхаген како дел од конференцијата „Западен Балкан и ЕУ-предизвици и можности“, организирана во соработка со Советодавната група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), Европскиот фонд за Балканот (EFB) и трите клучни дански политички партии, Социјалдемократите, Либералната партија и Зелената левица.
Според Зајкова, мораме многу да бидеме претпазливи какви влади избираме бидејќи сведочиме како автократското владеење може да ги задуши слободите и правата и да нè однесе во изолација. Владите може да бидат закана за слободата.
„Затоа, кога зборуваме за улогата на влада, не смееме да заборавиме дека владата секогаш и суштински мора да биде во служба на поединецот, а не обратно. Целта на владата е да го спроведе законот за граѓаните преку обезбедување и заштита на правата на луѓето. Тоа го прави со зачувување на нивните животи и слободи од насилството на другите. Тоа е слобода од деспотската и предаторска доминација на некои поединци над другите, вели таа.
Зајкова истакна дека голите популисти промовираат култура на зависност и играат со емоциите на луѓето, нашата прогресивна политика мора да се фокусира на помагање на луѓето да го креираат својот свет со свои напори – во соработка со другите, да му дадат ново значење и да го вратат духот на заедницата. Игнорирањето на разликите не е решение, никогаш не било, но соочувањето со нив и обидот за нивно решавање заедно со другите играчи во општеството е.
„Способноста за соработка сè уште е главниот ресурс на модерната моќ и капацитетот за обликување на светот во кој живееме. Мора да се концентрираме на создавање и зајакнување кооперативни и инклузивни институции, искрени добрососедски односи и регионална и меѓународна соработка. Прогресивните движења, либералните и левите партии мора да се стремат кон обликување и користење на државните институции за развој на општествата и демократијата. Она што можеме да видиме е дека земјите од Западен Балкан покажуваат волја и спремност за прогрес и интеграција, но не често ЕУ јасно покажува отвореност за нивно целосно вклучување во соработката и системот на одлучување“, заклучува Зајкова.