Контакт

Надворешна политика

Вицепремиерот за евроинтеграции Адеми во работна посета на Малта

Објавено пред

 

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во понеделник и вторник, на покана на неговиот колега и министер за европски прашања на Малта, Луис Грех, ќе учествува на неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања во Валетa, Малта.

 

Состанокот е во рамките на Советот на Европската унија за општи работи и ќе биде посветен на приоритетите на ЕУ за време на претседавањето на Малта. На првиот дел од состанокот, покрај земјите членки на ЕУ, поканети се и министрите за европски прашања на земјите кандидати./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо...

Спорт2 часа

(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи...

Свет3 часа

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет4 часа

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет4 часа

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет4 часа

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет4 часа

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт5 часа

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...