Контакт

Надворешна политика

Груевски: Подобро да се потрошат два месеци за нови избори, отколку нови шест месеци криза

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна политика на партијата Александар Николоски на нејзино барање оствари средба со амбасадорката на Турција Еркал Кара, при што беше истакнато дека за Турција како верен и постојан пријател на Македонија важна е стабилноста на државата, и Турција е тука доколку може да помогне и доколку постои  потреба за тоа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Груевски истакна дека со Република Турција имаме одлични односи и изрази уверување дека истите ќе се надградуваат.Тој посочи дека се цени поддршката која ја дава Турција особено на планот за интеграција во НАТО алијансата.

 

Во поглед на внатрешните случувања од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека се соочуваме со политичка криза и зад нас како држава е еден тежок период во кој се случија работи кои очигледно долго се подготвувале со одредена помош на надвореши центри, што патем речено и беше директно отворено соопштено од Зоран Заев на средбите кои во предвечерјето на кризата тој ги имаше со Никола Груевски кога го уценуваше со објавување на илјадници креирани матерјали, нешто што и целата јавност го виде, велат од ВМРО-ДПМНе.

 

Во продолжение беше посочено, дека после се, повторно следеа фер и демократски избори на кои ВМРО-ДПМНЕ доби нов легитимитет на избори кои никој не ги оспори, иако беа очигледни одредени влијанија кои помагаа на одредени субјекти во годината пред изборите, додаваат од партијата.

 

Се потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на гласови и мандати и сега имаме ситуација каде имаме обид тоа да се изгира,и дека  тоа не е добро за државата, создава нови кризи и затоа во партијата се смета дека е зрела ситуацијата за нови избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се посочи исто така дека во првите 20 дена од доделувањето на мандатот партијата имаше разговори за формирање на коалиција со ДУИ. Во тој период беше очигледно дека имаше вмешување на надвореши фактори вклучувајки и соседни земји што резултираше со изработка на нова платформа на албанските партии. Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, додаваат од партијата.

 

Меѓународната заеднца ја превзема улогата да биде еден вид гарантор на Рамковниот договор. Затоа од ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека  Постапката за репреговарање на охридскиот рамковен договор, преку форма наречена Платформа  може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи, односно свои барања за репреговарање на договорот од Охрид.

 

Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајки во обзир дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на пандорина кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа, порачуваат од партијата.

 

Од партијата исто така беше потврдено дека СЈО треба да ја работи својата работа професионално, а не како марионета на СДСМ и други надворешни центри и согласно договорот од јуни јули 2015та, без негово менување, вклучувајќи и без негово продолжување.При тоа беше нагласено дека не е точно дека тоа беше причината за непостигнување на договор за коалицирање на ДУИ, иако очигледно е дека на ДУИ и одговара така да ја престави работата. Во реалноста всушност освен што на почетокот се констатира дека по ова прашање имаме различни позиции, над 95 осто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците, каде беа и главните разлики.

 

Во разговорите со ДУИ ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање зза што исто така имаше многу разлики.

 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се посочи дека очигледно е дека одредени партии сакаат да ја заобиколат партијата која освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори и сакаат на тој начин да ги остварат целите поврзани со Законот за употреба на јазиците.

 

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш треба да им е јасно дека за измена нна таков закон потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската зедница, поточно потребно е и мнозинство од македонците во парламентот.

 

Како што несакаат помалите етнички заедници да бидат изиграни и надгласани за еден ваков закон од мнозинската заедница-македонската, исто така и мнозинската зедница на македонци не сака и нема да дозволи да биде надгласана од коалиција составена од малцинството македонци во парламентот со сите албански партии и пратеници во истиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Амбасадорката запраша дали новите предвремени избори ќе дадаат соодветен резултат за надминување на постојната состојба на што Груевски посочи дека на нив гледа како шанса за држвата, во спротивно алтернативата е континуирано кризирање. Подобро е да ја добиеме можноста и шансата, отколку да кризираме во континуитет беше одговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Подобро да се потрошат нови два месеци за нови избори, отколку нови шест месеци, или година заглавени во политичка криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Амбасадорката на Турција Еркал Кара истакна дека се зборува за можноста за коалицирање на СДСМ со другите партии, на што од партијата беше посочено дека се е можно, но тоа ќе значи трајно напуштање на воспоставениот принцип победникот кај македонците да коалицира со победникот кај албанските партии и гласачи. Напуштањето на тој принцип би бил иверзибилен процес, процес на кој ќе му нема враќање назад.

 

Во разговорот се дискутираше и за актуелната политичка ситуација во Турција, случувањата во оваа пријателска земја и предизвиците со кои истата се соочува. На крајот соговорниците изразија надеж за продлабочување на одличната соработка меѓу двете држави на сите нивоа од заеднички интерес, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс

 

 

 

Македонија

Од денеска многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите

Објавено пред

Во Германија од денеска постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство.

dobivaj vesti na viber

Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови.

На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик.

Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот.

Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата.

Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот.

Другите измени ќе стапат на сила на 1 март вгодина.

Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно.

Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите.

Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија.

Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.

Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.

Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка интерпарламентарна средба на Комисиите за европски прашања и надворешни работи во Приштина

Објавено пред

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав, Арбер Адеми, претседател,Фаница Николовска,член и замениците членови Бети Рабаџиевска Наумовска, Абдула Салиу и Игор Здравковски учествуваа на заедничка интерпарламентарна средба на комисиите за европски прашања и надворешни работи на парламентите на Албанија,Босна и Херцеговина,Бугарија, Северна Македонија,Косово и Хрватска,што се оддржа во Приштина, Косово.

dobivaj vesti na viber

На форумот,кој го отвори г-ѓа Арбереше Криезиу-Хисени, претседателка на Комисијата за надворешни работи и дијаспора,поздравни говори имаа г-ѓа Саранда Богујевци, прв потпретседател на Собранието на Косово, како и г. Бесник Бислими, прв вицепремиер за евроинтеграции, развој и дијалог и г-ѓа Доника Гервала Шварц, втор вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора во Владата на Република Косово.Во нивните излагања, беше истакнато дека овој форум претставува стратешка платформа за суштински дијалог за нашиот заеднички пат кон европската интеграција и во насока на взаемна соработка и поддршка и споделување на позитивните искуства и практики.

Адеми во своето обраќање во сесијата посветена на Движење во процесот на евроинтеграција: предизвици, можности и стратегии за соработка,ја поздрави иницијативата за регионално обединување и разменување искуства и практики во врска со евроинтегративните процеси,која ќе придонесе за позитивни резултати во смисла на нивно унапредување и пристигнување до крајната заедничка цел, а тоа е членството во ЕУ.Притоа, истакна дека, Северна Македонија во континуитет одржува позитивен тренд на соработка и интензивна, билатерална комуникација,на највисоко ниво со сите земји од ЗБ. Нашиот стратешки интерес е во насока на градење, збогатување и одржување на стабилни и просперитетни добрососедски билатерални односи, во сите области од вземен интерес,и во таа насока, надминување на отворените прашања.

Адеми истакна дека треба да се искористи позитивниот моментум во ЕУ за процесот на проширување, кој реално добива на забрзување заради гео-политичките околности и дека Северна Македонија не смее да заостане на својот пат кон ЕУ, поради условот кој ни е поставен во Преговарачката рамка, а тоа е измената на Уставот на земјата, со цел Бугарската заедница да се внесе во Уставот.Изрази надеж дека процедурата која е отпочната успешно ќе заврши и земјата ќе ги почне преговорите и ќе го отвори кластерот „Темели“.

Во дискусиите,соговорниците ги разменија своите мислења и ставови за досегашните искуства во поглед на евроинтегративните процеси, при што истакнаа дека ЕУ процесот мора да има предвидливост,со цел да биде успешен.Заедничка беше констатацијата дека регионот нема друга алтернатива, и дека земјите од ЗБ својата иднина ја гледаат во Унијата. Поради тоа, беше искажана подготвеност земјите да ги исполнат европските реформи, усогласување на националното со европското законодавство,согласно Копенхагенските критериуми, и надминување на ветото за блокирање на ЕУ процесот, поради билатерални прашања.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Премиерот Ковачевски – домаќин на „Македонска вечер во Белград“: Гости од регионот и пошироко дегустираа македонски вина, храна и слушаа македонска музика

Објавено пред

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.

dobivaj vesti na viber
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Бојан Јовановски-Боки 13 излегува на слобода

Поради лошата здравствена состојба, осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода. Кривичниот суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники,...

Топ5 часа

Ловечката Федерација на Македонија се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Ловечката Федерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. Тие...

Македонија7 часа

По 3.000 денари за пензионерите со пензии до 14.000 денари, 1.200 за основци, 1.800 за средношколци, Ковачевски ги објави мерките

Основците, средношколците, студентите и пензионерите се првите категории опфатени со новиот пакет-мерки за кои е предвидена неколкумесечна парична помош. Мерките,...

Македонија7 часа

Балтичките земји ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

По Украина, и Естонија, и Летонија, и Литванија најавија дека нема да допатуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје...

Македонија8 часа

Поради Лавров, украинскиот министер Кулеба нема да допатува во Скопје на состанокот на ОБСЕ

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, нема да присуствува на министерскиот состанок во Скопје, а земјата ќе ја претставува делегација...

Македонија8 часа

Бухова по прозивките за одговорност за случајот на Онкологија: Заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам

„Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам за моја политичка одговорност на предлог-заклучоците на анкетната комисија при Собранието за случајот...

Македонија8 часа

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и...

Топ11 часа

Исчезнатата Вања последен пат забележана кај „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата; „Како родители мислиме само на најлошото“, вели мајката

МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откога вчера, во 8.35 часот, мајка ѝ пријавила дека е исчезната....

Свет12 часа

Рјабков: Америка сака да предизвика немири и да ја смени власта во Русија

САД сè повеќе се фокусираат на промена на владата и организирање внатрешни немири во Русија, изјави заменик-министерот за надворешни работи...

Свет13 часа

Кадиров: Нови војници се подготвени за специјалната операција во Украина

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како...

Македонија13 часа

ДПМНЕ побегна од анкетната комисија за Онкологија откога ја злоупотреби, велат од СДСМ

ДПМНЕ побегна од собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, бидејќи беа фатени во лага, во обид да ги излажат граѓаните,...

Свет13 часа

(Видео) Продолжен прекинот на огнот на Блискиот Исток: Израел ослободи 30 деца

Портпаролот на катарското Министерство за внатрешни работи, Мајед ал-Ансари, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на...

Македонија13 часа

Руската амбасада со потврда: Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, да прелета...

Свет14 часа

Хамас ослободи брат и сестра, дури по излегувањето дознале дека мајка им е убиена

Ноам и Алма Ор беа заробени 50 дена во Газа. Тие, според нивните раскажувања, постојано размислувале како ќе ја видат...

Топ23 часа

Потрагата по Вања Ѓорчевска продолжува и во текот на ноќта, извести МВР

Министерството за внатешни работи извести дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска откако денеска...

Европа1 ден

Москва: Нема да има средба меѓу Лавров и Блинкен во Северна Македонија

Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен нема да се сретнат...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ: ДПМНЕ бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија

„ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. Бегаат затоа што се обидоа да ги...

Топ1 ден

Кривична против вработен во „Македонски пошти“, ја злоупотребил својата положба и присвоил над 3 милиони денари

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.М. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на пензиите, два пати во годината,...

Македонија1 ден

За повеќе од 330.000 евра продадени на аукција три стана на Мијалков на Водно и гаража, не е познато кој е новиот сопственик

Три стана на Водно и гаража, кои му припаѓаа на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беа продадени на аукција, што...