Контакт

Надворешна политика

Груевски на Хелбах му посочил дека „Македонците чувствуваат дека некој од соседна држава им ја крои судбината“

Објавено пред


 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски во четвртокот остварија средба со специјалниот пратеник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи Кристијан Хелбах и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, при што на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми врзани со тековните политички случувања, како и тиранската платформа и плановите за наредниот период.

 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека она што се случи со тиранската платформа доаѓа во исклучително непријатно време. Мнозинството од Македонците се чувствуваат како некој друг, однадвор од соседна друга држава им ја крои судбината, дури и голем дел од оние кои гласаа за СДСМ сега се чуствуваат измамени бидејќи тие не гласаа за платформата која беше создадена  по изборите. За време на изборите лидерот на СДСМ, Заев спомнуваше нешто за двојазичност, и ВМРО-ДПМНЕ тогаш јавно го праша што точно мисли и за каков вид на двојазичност, тогаш тој нè обвини дека тоа ние го измислуваме, додавајќи дека тоа е само „во главата на Груевски“, а сега по изборите излезе различно од тоа што тие го тврдеа и се докажа на дело за што станува збор.

 

На средбата со германскиот специјален претставник, ВМРО-ДПМНЕ посочи дека  во постизборните разговори со ДУИ од страна на ВМРО-ДПМНЕ се разговараше само за унапредување на јазичните права во општините каде малцинските заедници се над 20 проценти, и за работи кои се поврзани со унапредување на човековите права, но она што е очигледно е дека од СДСМ добија подобра понуда и ја прифатија тиранската платформа која има многу поширок опсег.

 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека договорот за коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ значи прекршување на принципот за коалицирање на „победник со победник“.

 

„Ние имаме една специфика во нашата земја, а тоа е дека ние сме мултиетничка држава. Во 2008-та година се воспостави принцип за коалицирање на победник со победник, односно победникот од македонскиот блок да коалицира со победникот од албанскиот блок. Во 2006-та направивме влада со втората по големина албанска партија и дотогаш немаше таква практика, но и немаше таква ситуација“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Тогаш се говореше дека не смее победникот кај Албанците или кај Македонците да биде опозиција. Во таква ситуација се велеше дека со тоа се погазува волјата на мнозинството на Македонците или на Албанците. Тоа се дискутираше цели две години и сите други ни сугерираа дека тоа треба да биде составен дел од нашата демократија бидејќи сме мултиетничко општество, а тоа беше наведувано и од надворешните партнери, ЕК, САД и пријателските држави. Ние го прифативме тој принцип и на изборите во 2008-ма година освоивме повеќе од 51 проценти од пратеничките места во Парламентот. Можевме дури и сами да направиме влада, но бидејќи го прифативме тој принцип на коалицирање на победник со победник ние коалициравме со ДУИ што беше и на барање и на самата ДУИ“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Ние го почитувавме тоа и стана општо прифатено правило и сега ДУИ е прв пат ситуација да одбира помеѓу победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Според изборот на ДУИ сега мнозинството на Македонците треба да бидат опозиција во својата држава, а прекршувањето на тој принцип не значи обврска дека било кога понатаму тој ќе треба да се почитува, беше истакнато на средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека првиот проблем е платформата, вториот проблем е кршењето на еден од основните принципи вграден во нашата демократија како специфика на коалицирање на победникот со победник, третиот проблем се процедуралните работи околу доделувањето на мандатот за кој може повеќе да каже претседателот на државата.

 

На средбата беше разговарано и за работата на Специјалното јавно обвинителство. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше соопштено дека во однос на работењето на СЈО стана јасно дека со нивното дејствување се прави политички прогон и нивната намера е реализација на одредени политички цели, а не за правно регулирање на некои настани кои се случиле.

 

Ние го прифативме нивното постоење затоа што мислевме дека ќе дојдат да работат независни правници кои ќе дејствуваат според факти и докази и такви беа целите на нивното основање. Но таму има политички тим на СДСМ и се бори политички да ни наштети, по секоја цена и без никакви докази. Тоа е реалноста, нивната цел е да покренат што повеќе истраги и обвиненија без никакви докази но со цел да ја искомпромитираат партијата, беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од страна на специјалниот пратеник Хелбах беше посочено дека Германија е пријателска држава на Република Македонија и со внимание ја следи актуелната политичка состојба. Германија ќе остане неутрална, но она што ја интересира е постигнување на стабилност за остварување на понатамошен прогрес, истакна специјалниот пратеник на германското МНР, Хелбах, соопштуваат од партијата./крај/мф/бс

Македонија

Договорена бугарска парламентарна поддршка за Македонија

Објавено пред

Од

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, за време на официјалната посета на Софија имаше пријателска и отворена средба со членовите на Комисијата за европски прашања и контрола над европските фондови, предводена од Кристијан Вигенин. На средбата беа разменети идеи, мислења и најдобри пракси и уште еднаш беше потврдено дека интеграцијата и напредокот на земјите од Западен Балкан се во фокусот на приоритетите на Република Бугарија.

Пратениците од Комисијата на Народното собрание на Република Бугарија ја искажаа својата готовност со конкретни чекори да отпочнат соработка со својата партнерска Комисија за европски прашања во Собранието на Република Македонија и да ѝ помогнат во градењето на институционалната рамка пред отпочнувањето на процесот на преговори за членство во Европската Унија, врз основа на научени лекции од Република Бугарија.

Груби во рамките на официјалната посета на Република Бугарија се сретна и со Групата за пријателство Бугарија-Македонија во Народното собрание на Република Бугарија, на чие чело се наоѓа г. Борис Ванѓелов.

На средбата беше заклучено дека испраќањето јасни сигнали на добра соработка меѓу двете држави  ќе покаже дека нашата стратешка цел е да споделуваме заеднички вредности во НАТО и Европската Унија.  Тие беа согласни дека конструктивната соработка со опозицијата и градењето консензус за клучните прашања останува неопходна за успешен евроинтегративен процес и градење одржлива иднина за земјата.

Груби оствари средба и со потпретседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Емил Христов, и г-ѓа Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика. На состанокот преовладуваше ставот дека треба да се градат нови мостови на пријателство и соработка на сите нивоа меѓу двете држави и меѓу двата парламента, како и дека активностите треба да бележат на интензитет и да се динамизираат во иднина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова средба Димитров-Коѕијас до крајот на април

Објавено пред

Од

До крајот на овој месец министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе имаат нова средба. Точниот датум сè уште не е утврден, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„Сè уште сме големи оптимисти и разговорите ќе продолжат со истата динамика. Бараме решение што ќе биде достоинтвено за граѓаните на двете држави“, рече Бошњаковски.

Последната средба на Димитров и Коѕијас се одржа на 12 април во Охрид. Македонскиот министер тогаш изјави дека разговарале за сите прашања и ставови што ја прават разликата во спорот за името. „Од денешната средба има напредок, но сè уште постојат разлики и неусогласени ставови“, рече Димитров. Тој истакна дека на средбата првпат се разговарало за временската рамка и чекорите како ќе се имплементира решението за проблемот за името.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби-Павлова: Европскиот проект не може да биде завршен без интеграција на Западен Балкан

Објавено пред

Од

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, во рамките на официјалната посета на Бугарија оствари средба со министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, Лилијана Павлова.

Како што стои во соопштението на Комисијата, Груби на средбата изразил благодарност за смелоста што за време на првото претседателство на Бугарија со Советот на Европската Унија беше ставена како приоритет една толку важна и чувствителна тема – како да се убедат Брисел и сите земји членки на Унијата дека проширувањето на Унијата со земјите од Југоисточна Европа мора да продолжи како проект.

„Мирот, спокојството, стабилноста и иднината на Европа минуваат низ Западен Балкан, европскиот проект нема да биде завршен без нив“, рекол Груби, кој додал дека датумот за почеток на преговорите е следен предизвик за Македонија.

Павлова на средбата истакнала дека Бугарија ќе вложи напори за повеќе инфраструктурни, енергетски и други проекти за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија, што на самитот на шефови на држави, кој ќе се одржи во Софија на 17 мај, ќе резултира со официјална декларација која ќе биде надополнета и со анекс што ќе содржи иницијативи за конкретни проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија3 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија3 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија3 часа

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија3 часа

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија7 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет7 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија8 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија8 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија1 ден

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион1 ден

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија1 ден

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија1 ден

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет1 ден

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Досие