Контакт

Надворешна политика

Дачиќ: Признавањето на Косово го наруши пријателството меѓу Србија и Македонија

Објавено пред

 

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порачал дека се согласува со ставот на македонското МНР дека не треба да се руши пријателството помеѓу Србија и Македонија, но додал оти токму признавањето на Косово од страна на Македонија го нарушило ова пријателство, пренесуваат српските медиуми.

 

„Треба ли да ги потсетам колегите во Скопје колку Србија вложи во ова пријателство сите овие години, призјавајќи ја Македонија под уставното име, ризикувајќи ги своите односи со Грција, иако во ОН и ЕУ се користи името ПЈРМ. Македонија потоа ја призна еднострано прогласената независност на Косово. Колегите во Скопје добро знаат дека лично разговаравме со Груевски и Поповски, но и претседателот Иванов за гласањето во УНЕСКО по приемот на Косово, што за нас е витално и државно и национално прашање. Македонија на крајот гласаше против српскиот став, односно за прием на Косово, односно за оние кои палеа и рушеа српски православни цркви и манастири на Косово“, додал српскиот министер.

 

Дачиќ потенцирал дека „колегите од Скопје мора да знаат дека тоа го руши пријателството“ меѓу Србија и Македонија. „Тоа е и јасна порака дека албанскиот интерес, или пак нечиј друг интерес, им е поважен од пријателството со Србија. Белград никогаш не направил и нема да направи нешто на штета на Скопје, би сакале да биде и обратно. А ако не е така, тогаш никој нема право да се лути на Србија поради тоа што ги брани сопствените интереси“, додал тој.

 

Шефот на српската дипломатија додал дека е длабоко уверен во потребата од пријателски односи со Македонија, но дека не може да се преправа дека не видел оти Македонија го признала Косово и дека гласала за прием на Косово во УНЕСКО, додека Србија ја признала Македонија под уставното име, нешто што е најважно државно прашање за земјата.

 

„Дали е можно Македонија тогаш да не размислила како тоа ќе се одрази на односите со Србија, или тоа не и беше важно, односно беше помалку важно од тоа што ќе речат Албанците и Западот“, запрашал српскиот министер, потсетувајќи дека сега и двете страни треба да се вратат на ставот на македонското МНР и „политичарите да бидат одговорни и да не го рушат пријателството меѓу двете земји“./крај/мф/бс

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец

Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето. Трамп...

Македонија10 минути

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати...

Свет29 минути

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт51 минута

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт1 час

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет1 час

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...

Забава1 час

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би...

Свет2 часа

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...

Македонија2 часа

Мамографот во Штип во дефект: Пациентките ќе се снимаат во Кочани, резултатите ќе ги чита штипскиот тим

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација...