Надворешна политика
ЕУ го повика Иванов да го преиспита својот став и да дозволи формирање на влада
Европската унија (ЕУ) го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го преиспита својот став и да овозможи формирање нова влада во Македонија, порача портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич.
Според Европската комисија, неопходно е Иванов да го почитува изборниот резултат, да постапува според Уставот, да го почитува собраниското мнозинство и да дозволи демократскиот процес нормално да тече.
Коцијанчич додаа дека ЕУ е запозната со писмото кое го испратил Иванов и дека уште пред седум дена од страна на Брисел биле испратени јасни пораки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
