Надворешна политика
Заев на средбата со амбасадори: Иванов веднаш да го даде мандатот и да осигура мирен трансфер на власта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска во вторникот се сретна амбасадорката на Германија, Кристине Д.Алтхаузер, амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија, Чарлс Гарет, амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон и со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, при што беше изразена загриженост за кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11-ти декември, соопштуваат од партијата.
„Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада. Ѓорге Иванов предизвикува уставна криза и остава простор на Никола Груевски за провокации и насилство со цел да спречи мирен трансфер на власта што ја изгуби. Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова Влада во Македонија, во интерес на граѓаните и на државата“, рече Заев.
На средбата е оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат со цел да се формира новата реформска Влада, според очекувањата на граѓаните.
„Не смее да трпат последици државата и граѓаните само затоа што Никола Груевски ја изгуби власта и се плаши од соочување со одговорност за несовесното владеење. Нови избори би значеле само продлабочување на кризата. Ништо од тоа што лаже власта во заминување преку пропагандата не е точно. Ние сме определени кон унитарна Република Македонија, тоа е поддржано и од партиите со коишто го обезбедивме парламентарното мнозинство. Ја имаме веќе основата на новата владина програма за што ќе се разговара во процесот на формирање Влада, таа е поставена на реформи, нови работни места, квалитетно здравство, образование, правда, враќање на парите кон граѓаните и евро-атлантски развој на Македонија преку заедништво, а не поделби“, соопшти Заев.
На состанокот се изразени очекувања за зрелост од сите страни со цел Македонија и граѓаните што побрзо да ја добијат новата Влада, на мирен начин, како што доликува на земја којашто има за цел да биде дел од демократскиот свет, додаваат од СДСМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ќучук: Ако Мицкоски води кампања со став против Бугарија, тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ

Доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, води кампања со став против Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави за БТВ пратеникот на ДПС/АЛДЕ, Илхан Ќучук.
„Процесот на преговори меѓу ЕУ и Македонија сè уште не е почнат бидејќи има скрининг кој ќе одземе одредено време. Тоа го знаеме од бугарското искуство, од една и пол до две години треба да се дадат оценките за овој скрининг“, објасни Ќучук.
Тој потсети дека францускиот предлог за евроинтеграција на е предлог на ЕУ прифатен со консензус од сите земји членки. Освен тоа, тој ја нашол потребната политичка поддршка како во бугарското Народно собрание така и во македонското.
„Мораме да бараме можности како да продолжиме оттука, а несомнено ги има многу“, смета Ќучук.
„На постигнатиот компромис треба да гледаме како на можност. Сега доаѓа големата тема – како да излеземе од оваа криза. Не само што треба да се тргне од политичката реторика во Бугарија и во РСМ туку треба да се бараат потребните гаранции за да не влеземе повторно во оваа ситуација во која бевме порано“.
На крајот, треба да се погрижиме двата народа подобро да се запознаат, постојано велам дека не се познаваат добро. Треба да се фокусираме и на проблемите на Балканот – проблемите меѓу Србија и Косово, проблемите во Босна и Херцеговина. Го знаеме регионот“, додаде тој.
Орце Костов
Македонија
Тасевски во Албанија, во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата

Денеска, делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Македонија, предводена од директорот Сашо Тасевски, во придружба на заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани, помошник-директорот Оливер Лукароски и началникот на Секторот за меѓународна полициска соработка, Рефик Черими, оствари работна посета на полицијата на Република Албанија, каде што имаше средба со генералниот директор, мајор Гладис Нано. На официјалната средба меѓу двете делегации се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и тероризмот и борбата против трговијата со дрога.
Генералниот директор Нано посочи дека меѓусебната соработка на двете министерства е одлична како за оперативни прашања така и за други елементи на заедничката борба против криминалот, така што оваа средба само дополнително ќе ја продлабочи и зајакне. Меѓу другото, како области за натамошна соработка беа посочени борбата против тероризмот и перењето пари како еден важен показател за безбедноста на државите, а воедно генералниот директор Нано посочи дека борбата со трговијата со дрога била и останува главен приоритет за полицијата на Република Албанија. За таа цел, ги концентрираат и дополнително ги зајакнуваат логистички капацитети и човечки ресурси во пристаништето Драч, каде што има најмногу обиди за трговија со наркотици, кои доаѓаат од Латинска Америка. Друг приоритет за полицијата на Албанија, според Нано, е спречување и сузбивање на обидите за одгледување канабис, криминална активност што ги збогатува криминалните групи и поединци давајќи им моќен коруптивен инструмент.
„Оваа клима на соработка е клучен елемент за гарантирање на јавниот ред и безбедност во двете наши земји и исто така нè мотивира да работиме заедно уште повеќе на прашања како што се борбата против организираниот криминал и прекуграничниот криминал, кои се заеднички приоритети“, истакнал тој.
На крајот од средбата двете страни искажале уверување дека и во иднина соработката меѓу двете министерства ќе се интензивира во насока на заеднички оперативни и истражни дејства во делот на меѓународни прашања и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и перењето пари.
Делегацијата од Бирото за јавна безбедност го посети и специјалното одделение РЕНЕА, при што во нејзина чест беа презентирани современите методи и техники на работење и нивното специјално оружје.
Македонија
Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
„ Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови “Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.
Затоа секоја употреба на терминот “северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво.
Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик.
Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот“ напиша Димитров на Фејсбук.