Контакт

Надворешна политика

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Објавено пред

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ, со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје.

„На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни“, вели Захариева во интервју за бугарската „Нова ТВ“. Според неа, ентузијазмот за проширување кај некои членки не е голем, но нагласи оти Македонија заслужува и оти треба да ѝ се даде јасна перспектива.

Захариева смета дека национален интерес на Бугарија е стабилна Македонија и стабилни соседи кои чекорат кон НАТО и членство во ЕУ. Шефицата на бугарската дипломатија смета дека договорот меѓу Македонија и Грција нема никаков начин да го наруши спроведувањето на договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје.

Македонија

Макрадули ја доби пресудата против Мијалков на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Објавено пред

Од

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија. Две од четирите апликации беа поднесени од Јани Макрадули и за нив има донесено една пресуда во која ЕСЧП констатира повреда на правото на слободата на изразување.

Ваквата пресуда, во корист Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета.

Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно повреда на неговата слобода на изразување.

Според Судот, коментари во врска со имотот на јавни службеници и нивна можна вклученост во неадекватни активности се однесуваат на значајни прашања од јавен интерес и тиее се во согласност со начелата од членот 10 од Конвенцијата.

Дополнително, според Судот, интервенцијата на државата во слободата на изразување на апликантот, а со цел заштита на угледот на поединци, во конкретниот случај претставува повреда на стандардите од член 10 од Европската конвенција за човекови права.

ЕСЧП на апликантот му досуди износ од 1.500 евра за надомест на нематеријална штета и 1.020 евра за трошоци во постапката.

Другите две пресуди, „Хасани против Република Македонија“ и „Бајрамовски против Република Македонија“, Судот ги прогласи за недопуштени поради неисполнување на критериумите од член 35 од Конвенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите

Објавено пред

Од

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето уставно име – Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот,  да се консултираат граѓаните.

„Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум. Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.
Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евро-атланските процеси“, стои во соопштението на партијата.

Демократскиот сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија. Од таму додаваат дека членство во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова лидерска средба на барање на Мицкоски

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев за денеска напладне најави нова лидерска средба во помал состав. Тоа е на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти средбата во Клубот на пратеници. Мицкоски побара средбата да биде со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.

Заев објасни дека референдумот ќе биде консултативен и објави како ќе гласи прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција? Тој рече дека Мицкоски се однесувал неодговорно и несериозно како кон политичките претставници кои останале докрај на средбата, но и кон граѓаните.

Тој појасни дека за конечна се смета одлуката ако на референдумот излезат најмалку 50 отсто од вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список.

„Без разлика на карактерот на референдумот, одлуката се смета за успешна во ваков случај. И се отвори дебата дали да биде консултативен или обврзувачки. Консултативен е кога ние сакаме да ги консултираме нашите сограѓани и потоа ги носиме одлуките, како што е случајот со одлуките за промена на Уставот“, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори ставовите на партијата – усвојување на Законот за финансирање на политичките партии и измените на Законот за Влада каде што ќе се регулира концептот на техничката влада по пржинскиот модел, па дури потоа формирање на ДИК.

Заев ја свика лидерската средба откако ВМРО-ДПМНЕ го блокира формирањето на ДИК. За првпат беа свикани лидерите на политичките партии кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија58 минути

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија1 час

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија2 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ2 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ2 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија4 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија4 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија5 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија6 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија6 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија7 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион8 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет8 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа8 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија19 часа

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ја напушти лидерската средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по еден час, ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за...

Досие