Контакт

Надворешна политика

МНР на Русија: Продолжува грубото надворешно мешање во политичката криза во Македонија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Руското МНР во четвртокот порача дека смета оти постои „грубо надворешно мешање“ во политичката криза во Македонија, што оневозможува формирање на влада по одржувањето на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември минатата година.

 

„Се чини дека преку псевдодемократски слогани продолжува грубото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. Целта е очигледна – оневозможување на непожелните за Запад македонски политичари во формирање влада, спротивно на волјата на граѓаните“, се вели во соопштението на руското МНР, пренесува РИА Новости.

 

Руското министерство исто така изрази загриженост поради тоа што во Македонија, „врз основа на ултиматуми диктирани однадвор, се одлучува кои делови од заедниците ќе бидат дел од идната владејачка коалиција“.

 

„Бесрамното макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите може да предизвика ескалација на состојбата во Македонија и да ја наруши кревката стабилност во целиот регион. Убедени сме дека само со целосно отфрлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и на самостојно решавање на внатрешните проблеми, може да се зацврсти довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност“, порачуваат од руското МНР./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Од денеска многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите

Објавено пред

Во Германија од денеска постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство.

dobivaj vesti na viber

Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови.

На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик.

Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот.

Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата.

Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот.

Другите измени ќе стапат на сила на 1 март вгодина.

Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно.

Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите.

Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија.

Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.

Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.

Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка интерпарламентарна средба на Комисиите за европски прашања и надворешни работи во Приштина

Објавено пред

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав, Арбер Адеми, претседател,Фаница Николовска,член и замениците членови Бети Рабаџиевска Наумовска, Абдула Салиу и Игор Здравковски учествуваа на заедничка интерпарламентарна средба на комисиите за европски прашања и надворешни работи на парламентите на Албанија,Босна и Херцеговина,Бугарија, Северна Македонија,Косово и Хрватска,што се оддржа во Приштина, Косово.

dobivaj vesti na viber

На форумот,кој го отвори г-ѓа Арбереше Криезиу-Хисени, претседателка на Комисијата за надворешни работи и дијаспора,поздравни говори имаа г-ѓа Саранда Богујевци, прв потпретседател на Собранието на Косово, како и г. Бесник Бислими, прв вицепремиер за евроинтеграции, развој и дијалог и г-ѓа Доника Гервала Шварц, втор вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора во Владата на Република Косово.Во нивните излагања, беше истакнато дека овој форум претставува стратешка платформа за суштински дијалог за нашиот заеднички пат кон европската интеграција и во насока на взаемна соработка и поддршка и споделување на позитивните искуства и практики.

Адеми во своето обраќање во сесијата посветена на Движење во процесот на евроинтеграција: предизвици, можности и стратегии за соработка,ја поздрави иницијативата за регионално обединување и разменување искуства и практики во врска со евроинтегративните процеси,која ќе придонесе за позитивни резултати во смисла на нивно унапредување и пристигнување до крајната заедничка цел, а тоа е членството во ЕУ.Притоа, истакна дека, Северна Македонија во континуитет одржува позитивен тренд на соработка и интензивна, билатерална комуникација,на највисоко ниво со сите земји од ЗБ. Нашиот стратешки интерес е во насока на градење, збогатување и одржување на стабилни и просперитетни добрососедски билатерални односи, во сите области од вземен интерес,и во таа насока, надминување на отворените прашања.

Адеми истакна дека треба да се искористи позитивниот моментум во ЕУ за процесот на проширување, кој реално добива на забрзување заради гео-политичките околности и дека Северна Македонија не смее да заостане на својот пат кон ЕУ, поради условот кој ни е поставен во Преговарачката рамка, а тоа е измената на Уставот на земјата, со цел Бугарската заедница да се внесе во Уставот.Изрази надеж дека процедурата која е отпочната успешно ќе заврши и земјата ќе ги почне преговорите и ќе го отвори кластерот „Темели“.

Во дискусиите,соговорниците ги разменија своите мислења и ставови за досегашните искуства во поглед на евроинтегративните процеси, при што истакнаа дека ЕУ процесот мора да има предвидливост,со цел да биде успешен.Заедничка беше констатацијата дека регионот нема друга алтернатива, и дека земјите од ЗБ својата иднина ја гледаат во Унијата. Поради тоа, беше искажана подготвеност земјите да ги исполнат европските реформи, усогласување на националното со европското законодавство,согласно Копенхагенските критериуми, и надминување на ветото за блокирање на ЕУ процесот, поради билатерални прашања.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Премиерот Ковачевски – домаќин на „Македонска вечер во Белград“: Гости од регионот и пошироко дегустираа македонски вина, храна и слушаа македонска музика

Објавено пред

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.

dobivaj vesti na viber
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион10 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....

Регион10 часа

Исчезна 17 годишна девојка во Белград: се јавила од автобус и оттаму ѝ се губи трага, непознат маж се јавува на нејзиниот телефон

17 годишна Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот...

Македонија10 часа

Европски сојуз за промени: Соравија е симболот на корупција во ДУИ

Денеска по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата младите од Европскиот сојуз за промени се собраа пред Трговскиот центар...

Македонија12 часа

Министерот за правда очекува брза екстрадиција на Палчо

Министерот за правда очекува дека Љупчо Палевски релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција. Сепак рече дека е рано да...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада. Таа треба да биде избрана на 28 јануари,...

Македонија13 часа

Скандалозна изјава на Османи: следната мисија на ДУИ била Албанец претседател на Македонија

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека изборот на Џафери за технички премиер е историски оти...

Македонија13 часа

Партиите поделени за изборот на Џафери: СДСМ го прифаќа, ВМРО-ДПМНЕ гледа ДУИзација на државата

За СДСМ е прифатлив предлогот на ДУИ, Талат Џафери да биде технички премиер кажа пратеничката Даниела Маркоска и потврди дека...

Македонија14 часа

Брука и срам: лажен профил на ФБ повикува на протести и немири попладнево, сакал да го ослободат Палчо

Лажен профил на ФБ во срамната група „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ каде...

Регион16 часа

Детали за крвавата пресметка пред ресторан во Нови Сад: Напаѓачите по жестока расправија се вратиле со пиштол, ранетиот со комплицирана рана

Во престрелката што се случила околу 2 часот по полноќ на Футошки пут 5 во Нови Сад е ранет 40-годишен...

Македонија16 часа

Полицијата го најде 20 годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Случајот со наводното киднапирање во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци е целосно расчистен, велат од МВР. Надлежните не...

Свет17 часа

(Фото+видео) Невиден хорор во Рим: Пожар ја зафати болницата, пронајдени 3 мртви пациенти, а изгоре целата мртовечница

Тројца пациенти загинаа, додека повеќе од 200 беа евакуирани од болницата Тиволи во предградието на Рим каде што избувна голем...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за убиецот на Вања

Партиите и денеска со меѓусебни обвинувања за тоа со кого бил близок Љупчо Палевски, убиецот на малата Вања. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија17 часа

(Фото) Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Вкупно 516 различни делови за камиони се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица. Обидот за нелегален...

Uncategorized17 часа

(Фото) Арсовска во посета на новото инклузивно игралиште во скопската зоолошка

Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска со тим од градските сектори и јавните претпријатија, го посетија инклузивното игралиште во ЗОО...

Македонија1 ден

Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да...

Македонија1 ден

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе...

Свет1 ден

Прво сведочење на „девојката со црвена марама“ од фестивалот во Израел: „Понекогаш се чувствувам виновна што преживеав“

„Ми беше чудно што фестивалот беше организиран толку блиску до границата со Газа, но заклучив дека организаторите ќе кажат ако...

Македонија2 дена

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со...

Свет2 дена

Путин повторно ќе се кандидира за претседател

Изборите во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, а Владимир Путин ја објави својата кандидатура за уште...