Контакт

Надворешна политика

Могерини загрижена за ситуацијата во Македонија, но гледа решенија

Објавено пред

Политичарите да не си играат со оган во однос на меѓуетничка конфронтација, загрижена сум за состојбата во Скопје, но гледам потенцијал за решавање на кризата, како што е седница на парламентот и избор на спикер, рече во понеделникот високата претставничка на Европската унија за надворепна и безбедносна политика, Федерика Могерини, во однос на дискусијата на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија за Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

„Нема да давам детали што некој министер кажа на денешниот состанок, но можам да кажам дека генерално сите министри ги поддржаа силно пораките што ги изразив во Скопје. Всушност, јас тоа го изразив и на состаноците со претседателот и со другите политички лидери, но и јавно, не само во име на ЕУ, туку и во име на генералниот секретар на НАТО. Колку сум загрижена? Сум. Но, се обидувам да се научам да одам над загриженоста и да видам потенцијал за решавање на политичката и институционална криза, бидејќи она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза“, истакна Могерини на прес-конференција по одржувањето на состанокот на шефовите на дипломатиите, јави дописникот на МИА од Брисел.

Високата претставничка на Унијата испрати, како што рече главна порака на политичарите „во Скопје“ „Да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање. Нормално, пријателите може да се грижат за состојбата и иднината на партнерите. Веруваме дека има можности да се излезе од институционалната криза. Има ресурси за тоа во Скопје, каде имав искрена и конструктивна размена за ова со сите политички лидери во парламентот и со претседателот. Се надевам дека мудроста ќе надвладее“, порача Федерика Могерини.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, на денешниот Совет на Унијата не донесоа заклучок во однос на дебатата за западен Балкан и земјите во регионот, па она што го пренесе Могерини, како и некои од министрите претходно, се само пораки што во име на Европската унија се испратија кон регионот.

Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс побара да се намалат тензиите во Македонија и да се почитува парламентарното мнозинство, а ЕУ да покаже единство.

„Сметам дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и треба да се потенцира важноста, за работите во земјата да се одвиваат без вербална агресија. Тоа мора да се реши од самата земја. Отворени сме за движењето на Македонија кон ЕУ и НАТО , но ова мора да се реши на мирен начин“, изјави Берт Кундерс.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, побара од шефовите на дипломатијата на земјите членки на Советот за надворешни работи на ЕУ, да ја осудат ткн „албанска платформа“ како мешање на странски премиер во внатрешните работи на соседната држава./крај/мф/сн

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет40 минути

(Видео) Австралијанец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет2 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет2 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет2 часа

Трамп ја презема контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија12 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија17 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија18 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ21 час

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија21 час

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија21 час

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ22 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија23 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ23 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа1 ден

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион1 ден

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет1 ден

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...