Контакт

Надворешна политика

Очекувам самитот во Бугарија да ги приближи пријателите од Западен Балкан кон ЕУ, порача Туск

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, оценува дека утрешниот самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Бугарија ќе биде можност и ЕУ и регионот да потврдат дека европската перспектива останува геостратешки избор на Западен Балкан.

„Утре ќе се состанеме со нашите партнери од Западен Балкан, првпат во последните 15 години. Тоа ќе биде можност за двете страни да потврдат како европската перспектива останува геостратешки избор на Западен Балкан“, рекол Туск.

Освен тоа, според Туск, ЕУ сака сега да покаже и дека се грижи за социјално-економскиот развој на регионот.

„Инвестиции во инфраструктурата и односите меѓу луѓето надвор и внатре во Западен Балкан се од најдобар интерес и за ЕУ, и тоа ќе биде цел на нашиот самит“, порача Туск.

Претседателот на Европскиот совет нагласил и дека очекува дека Самитот во Софија ќе донесе приближување на пријателите од Западен Балкан кон Европската Унија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Досега 862 граѓани од дијаспората се пријавиле за гласање на референдумот

Објавено пред

Од

Од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека заклучно со денеска до 13 часот преку веб-апликација доставени се 862 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а другите се во обработка.

„Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72, во Лондон – 69, во Торонто – 57, Љубљана – 48 и Канбера – 36“, соопштуваат од ДИК.

Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, од Државната изборна комисија информираат дека заклучно со вчерашниот ден 1.967 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии.

Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295, Струмица – 148, Радовиш – 128 и во Прилеп – 104.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средба со претставници од дијаспората: Ве повикувам да дадете придонес во историскиот момент за напредок на државата

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска и во САД.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија.

„На состанокот се разговараше за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за важноста на претстојниот референдум и за потребата од поактивна улога на сите граѓани, вклучително и на дијаспората со цел успешен референдум, што ги отвора перспективите на Македонија и можностите за квалитетен живот на сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев истакнал дека НАТО и ЕУ за Република Македонија значат економија, стабилност и безбедност и изразил очекување за успешен референдум.

„Мнозинството граѓани на Македонија веќе се изјаснија за промени, за перспективи наместо изолација, за благосостојба наместо сиромаштија, за реформи и демократија што водат кон квалитетен живот и безбедна иднина на државата и на сегашните и идните генерации. И убеден сум дека на референдумот ќе биде потврдена одлуката за евро-атлантска иднина на Македонија, што ќе донесе и европски живот во Македонија и стабилност и безбедност“, рекол премиерот Заев.

Притоа, тој ги повикал претставниците на дијаспората да излезат на престојниот референдум и со тоа, како што навел, да дадат значаен придонес во историските моменти за напредок на Македонија.

Заев и претставниците на дијаспората зборувале и за придобивките од реформските процеси во државата, од воспоставувањето добри односи со соседите и од евро-атлантските интеграции, а им изразил благодарност за желбата да помогнат вo остварувањето на стратешките цели на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стапи во сила руската забраната за увоз на праски од Македонија, Николовски не знае колкави ќе се штетите

Објавено пред

Руската одлука да се стопира увозот на праски од Македонија, од денес стапува на сила. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, тврди дека Македонија не е официјално известена за одлуката на руските власти, а информациите ги дознале од официјалните руски страници. Николовски вели дека никој не знае колкави ќе се штетите кои би можеле да се предизвикаат со стопирањето на извозот од Македонија кон Русија.

Според руската служба за фитосанитарна контрола, увозот го стопираат бидејќи бил пронајден црв во пратките од Македонија. Министерот Николовски, ваквата руска одлука ја препишува на отежантите комуникации по промената на владината структура во Русија. Николовски најави извоз на праските во други земји, со цел да нема штети.

„Ние на секој начин се трудиме да обезбедиме пласман. Чекаме Русија да каже. Контролите од Македонија се засилени“, рече Николовски.

Дали извозот на праски ќе продолжи, ќе се знае по контролите на надлежните органи во Македонија и Русија, а зависи и од комуникацијата помеѓу властите.

Забрана за увоз на праски во Русија има и Србија.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија3 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија5 часа

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа5 часа

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет7 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија7 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија8 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ8 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора8 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет9 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион9 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ1 ден

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Економија1 ден

Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата

Катарскиот шеик, Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска за време на средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека Катар...

Свет1 ден

Путин подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Рускиот претседател, Владимир Путин, е подготвен да се состане со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а руските медиуми и...

Досие