Надворешна политика
Попоски до Хелбах: Македонија да добие гаранции за членството во ЕУ
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на министерството за надворешни работи на Германија, амбасадорот Кристијан Хелбах, при што беше истакната потребата од зајакнување на европската интеграција во насока на долгорочна стабилност и просперитет на регионот.
Попоски потенцираше дека енергијата дома и кај нашите партнери е неопходно да се насочи кон тоа, Република Македонија да добие гаранции дека членството во ЕУ е достижна цел за оваа генерација македонски граѓани, во догледно време.
„Внатрешните предизвици во Унијата, мигрантската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку сме ние поврзани со ЕУ“, истакна Попоски.
Hа средбата беше рeафирмирана поддршката од Германија на нашите напори кон европската интеграција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
