Контакт

Надворешна политика

Попоски: САД може да бидат многу корисни за стабилноста во регионот

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во среда оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон.

Делегацијата е во посета на земјите од регионот со цел развивање на стратегија за решавање на заедничките предизвици кои ја отежнуваат евроатлантската интеграција и севкупниот просперитет.

“САД може да бидат многу корисни за стабилноста во регионот. Македонија цели кон обезбедување на предвидливост и економски напредок за своите граѓани. На тој пат, секако од помош ќе биде членството во НАТО и ЕУ, како и развивањето на добри односи со соседите. Првото зависи во голема мера и од политиките на САД, додека за второто мора сами да се погрижиме во регионот“, истакна министерот Попоски.

Извршниот директор на американскиот Атлантски совет, Дејмон Вилсон ја потврди поддршката за реафирмирање на македонските интереси пред новата американска администрација. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава36 секунди

Најголемиот тренд во фризурите: Беше хит на минатиот век, сега е уште подобар

Исфенираниот боб од деведесеттите комбинира две од најмодерните фризури: фризурата со фенирање и класичниот боб. Пролетта е сè за промени,...

Спорт1 минута

Робертсон во Тотенхем, под услов клубот да избори опстанок

Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон. Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по...

Македонија10 минути

„Идниот премиер на Унгарија најавува длабоки реформи на медиумите кои беа под контрола на Орбан“, велат од СДСМ

„Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат....

Свет14 минути

Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори

Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран. „Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно...

Спорт17 минути

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс. Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а...

Свет18 минути

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава24 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт30 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет36 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...