Контакт

Надворешна политика

Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата во Охрид

Објавено пред

Во организација на Фондацијата „Бугарска меморија“ во Софија се одржува протест против одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква да не присуствува во Охрид на одбележувањето 1.000 години од Охридската архиепископија.

„За нас, ова е антидржавна активност. Протестот е израз на една граѓанска позиција и горчина од антидржавната активност предводена од Светиот синод“, велат организаторите. Тие бараат патријархот да свика вонредна седница на Светиот синод за да ја разгледа одлуката од 14 мај.

Претставници на Фондацијата велат дека на двајца бугарски архиепископи, дури им било забрането да присуствуваат на прославата. Според нив, „скандалозното гласање“ било во отсуство на патријархот Неофит, што ги компромитира напорите на Бугарија за мир и напредок во регионот. Организаторите велат дека на 24 мај очекуваат заедничко чествување во Рим на гробот на св. Кирил во присуство на премиерите на двете земји.

На 14 мај 8 архијереи го поддржаа предлогот БПЦ да не праќа делегација во Македонија за прославата на 1.000 години Охридска архиепископија. Јубилејната годишнина ќе биде одбележана на 27 и 28 мај во Охрид.

БПЦ информира дека 1.000-годишнината од основањето на Бугарската охридска архиепископија ќе биде одбележана на 10 јуни со отслужување на архиерејската света литургија во катедралата „Св. Александар Невски“.

 

Надворешна политика

Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Објавено пред

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од Владата по објавениот документ „нон пејпер“ кој кружи минативе две недели во Брисел,  а како што дознаваме е подготвен од Франција и Холандија. Овие две земји членки се скептици за датумот што Македонија треба да го добие во јуни и да ги отпочне преговорите за влез во Унијата.

Владата потврдува дека е факт оти постои дебата во ЕУ околу подготвеноста за ново проширување.

„Суштинските и коренити промени во земјата градат силни и услужни институции, праведна држава и силна економија за подобар живот на сите граѓани. Македонија е на вистинскиот пат, а темелните реформи се признаени и препознаени од цела Европа и од сите земји членки на ЕУ. Сите земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија треба да продолжи по овој пат и да го интензивира прогресот. За тоа говори и последната оценка на Европската Комисија со која Македонија е оценета за најдобра во регионот на Западниот Балкан и Турција за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, е ставот на Владата.

Според нив Македонија после решавање на спорот околу името веднаш ќе стане членка на НАТО и со тоа уште позабрзано и поодлучно ќе ги отвори портите на ЕУ. (А.В)

Прикажи повеќе...

Надворешна политика

Ладен туш за почеток на преговорите за влез во ЕУ – „нон пејпер“ за Македонија

Објавено пред

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата. Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија. Според наши извори зад негативниот документ, не стојат сите земји членки на ЕУ, и документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни. Иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше јуни како датум за отпочнување на преговорите, во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен дури идната година на пролет.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема.

„ Како што од страна на Советот секоја година се потврдува во заклучоците за проширувањето: капацитетот на ЕУ, во сите свои димензии, да интегрира нови членки мора да се земе во предвид, пред да се донесат било какви одлуки во врска со проширувањето. Во Страгегијата објавена на 6. ти февруари, самата Комисија напиша дека нашата Унија мора да биде “посилна и поцврста, пред да стане поголема“.

Се наведува дека ЕУ во моментов минувала низ една доста чувствителна фаза на реформи, и мора да се заштити соодветно за да заживее проектот за овие земји еден ден да станат членки.

„ Пред следните Европски избори, потребно е да размислиме за една стратешка агенда за новиот период кој ќе започне од Пролетта 2019 и да стане појасно што 27-те земји членки сакаат за новата ЕУ. Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети. Ја потврдуваме нашата посветеност кон европската перспектива на овие две земји и на целиот Западен Балкан, и даваме силна поддршка за значително зголемена посветеност на ЕУ во овој регион. Тука треба да ги насочиме нашите напори со цел да им помогнеме на овие земји вистински да бидат подготвени кога сите услови ќе бидат исполнети“, сметаат тие.

Советот ја зема предвид препораката на Комисијата да ги отвори пристапните преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија и повторува дека мора да се обезбеди суштински напредок во имплементацијата на Итните реформски приоритети, пред да бидат отворени пристапните преговори. Советот ќе се наврати на ПЈРМ врз основа на нов извештај од страна на Комисијата, откако ќе биде постигнат задоволителен напредок.

За опструкциите на извесни земји членки на унијата наговести и премиерот Зоран Заев на телевизискиот дуел, кога отворено кажа дека поддршка немаме од Франција и Холандија.

Интензивната дипломатија која вроди со позитивни сигнали од ЕУ, во мигот кога се бараат решенија и спорот со името, овој документ е шлаканица по ветувањата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Хан во интервјуто за германскиот весник Велт, најави дека Македонија и Албанија во јуни годинава ќе добијат препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Но, од друга страна пак на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со премиерот Заев, немаше конкретно ветување за датум на кој ќе отпочнат преговорите.

Ана Василевска

Прикажи повеќе...

Македонија

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Објавено пред

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека за Грција би било голема победа ако постигне решение да се додаде одредница на името Македонија.

„Го браниме националниот став“, рекол Ципрас по состанокот со градоначалникот на Солун, Јаник Бутарис. Критичарите на преговорите со Македонија ги нарекол будали. „Ништо нема да предадеме, туку се обидуваме да вратиме нешто што други предадоа пред 70 години“, рекол тој.

„Нашиот северен сосед повеќе од 70 години има државен ентитет кој бил во југословенската федерација, а потоа е наречена независна држава, наречена ‘Македонија’, носејќи го името без никаква одредница, а кое се однесува на антички грчки свет и на огромна културна градина на грчка Македонија. Го враќаме тоа, и не е лесно“, рекол Ципрас.

Додал дека Македонците немаат никаква врска со Александар Велики и дека нивните корени се словенски и албански и дека тоа тие го признаваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести4 часа

Историска победа за правото на абортус во Ирска

Изборни комисии во Ирска денеска ги потврдиле резултатите од изборната анкета по референдумот во Ирска. Резултатите покажуваат голема победа на...

Свет11 час

Лидерите на двете Кореи се сретнаа на границата без претходна најава

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изненадно се сретнаа во пограничниот град во...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара половина влада да поднесе оставка за неспроведување на реформите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за финансии Драган Тевдовски и за внатрешни...

Надворешна политика15 часа

Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од...

Македонија15 часа

Кукаст крст на споменикот на Тито во Куманово, градоначалникот бара да се пронајдат сторителите

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово....

Свет16 часа

(Фото) Нова ерупција – 10.000 метри пепел и чад од вулканот на Хаваите

Официјалните лица истакнуваат дека на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулканот Калауеа, пришто се создал облак од чад...

Македонија16 часа

Два земјотреси синоќа во Охридско-преспанскиот регион

Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион синоќа регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите се наоѓаат...

Надворешна политика1 ден

Ладен туш за почеток на преговорите за влез во ЕУ – „нон пејпер“ за Македонија

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот...

Македонија1 ден

(Видео) Нимиц: Нема конечно решение за името, двете страни ќе продолжат со работа

На средбите во Њујорк не е постигнато конечно решение за спорот со името, но двете страни ќе продолжат со работа...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 ден

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија1 ден

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија2 дена

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа2 дена

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести2 дена

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести2 дена

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија2 дена

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија2 дена

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија2 дена

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет2 дена

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Досие