Контакт

Македонија

Руски експерт: Русија не треба да стане донатор на НАТО преку Северна Македонија

Објавено пред

Москва треба стратешки да размислува за идната економска соработка со Скопје, каде што двајцата претседателски кандидати што се натпреваруваат во вториот круг од изборите го поддржуваат влезот на земјата во НАТО и ЕУ, тврди Владимир Оленченко, виш научен соработник во Националниот институт за истражување на светската економија и меѓународни односи „Примаков“ при Руската академија на науките, пренесува ТАСС.

Според првичните процени, Стево Пендаровски од СДСМ води со 42,56 отсто од гласовите. Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ доби 41,74 отсто гласови во првиот круг од претседателските избори. Пендаровски ја поддржува европската интеграција и членството во НАТО. Силјановска-Давкова, иако е значително поконзервативна, ја поддржува и идејата за приклучување кон Северноатлантскиот сојуз.

„Руското раководство и бизнисмените треба стратешки да размислат како и понатаму да ги развиваат своите односи со Северна Македонија зашто ова прашање има економски аспект покрај политичката димензија“, рече Оленченко.

„Проширувањето на трговијата и инвестициите треба да бидат од корист за сите страни. Во овој случај придобивките може да завршат кај НАТО бидејќи членките на алијансата треба да придонесат со 2 отсто од својот БДП во буџетот на НАТО. Кога се разгледуваат некои аспекти на билатералните односи, треба да се има предвид прашањето дали сакаме да станеме донатори на НАТО“, истакна тој.

Македонија

Мицкоски се сретна со претставници на ММФ

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводени од Берглјот Бјорнсон Баркбу, шефица на мисијата на ММФ за Македонија, и Стефани Ебл, висок резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан и шеф на Канцеларијата на ММФ во Скопје.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои следат во април и стратешките приоритети клучни за напредокот на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше недостатокот на реформи од страна на власта, поради што Македонија не доби датум за почеток за преговори со Европската Унија, како и уназадувањето на македонската економија поради високиот криминал и корупција од страна на функционерите на власта.

Мицкоски посочи дека поради катастрофалното работење со економијата на актуелната власт граѓаните сè повеќе осиромашуваат, што доведе до тоа половина милион граѓани едвај да преживуваат, а бројката на блокирани сметки ближи до 100 илјади.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека впрочем власта со враќањето на рамниот данок само ја потврди својата неспособност, но со досегашните погрешни даночни политики направија голема штета врз стопанството, како и одвраќање на идните инвеститори во Македонија.

Мицкоски на крајот додаде дека по изборите во април, на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе следат итни реформи за да може што побрзо да закрепне македонската економија и да почне да чекори кон европските стандарди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски се сретна со Хајко Мас

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски се сретнаа со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.

На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка и јакнење на политичката и економска соработка.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека претстојат промени во државата, пред сè поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето концепт и визија на актуелната власт. Мицкоски истакна дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ претставува врвен стратешки интерес на Република Македонија.

Тој посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кои мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

Мицкоски посочи дека новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

Мицкоски истакна дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Објавено пред

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме формалните критериуми за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во сопствената држава и нејзините институции, остакна претседателот Стево Пендаровски на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“, што на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, и претседателот Пендаровски се одржа во „Вила Водно“.

На дебатата учествуваа претставници на државните власти, на правосудните органи и претставници на надлежни институции во оваа област, се дискутираше за тековните реформи во сферата на функционирањето на правната држава, вклучувајќи ги судските реформи, борбата против корупцијата, а во согласност со дефинираните стратешки приоритети во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Претседателот изрази поддршка, но и барање од институциите неселективно да се борат против корупцијата, а особено против високата корупција.

„Сметам дека корупцијата кај политичарите треба построго да се казнува бидејќи вршењето јавна функција носи посебна одговорност, а државната власт и ресурсите треба да се користат исклучиво за јавниот интерес, а не за остварувањето на партикуларни или лични интереси“, истакна Претседателот.

Претседателот Пендаровски се осврна и на случајот „Рекет“ за што подвлече дека во очите на многумина ги дискредитирал напорите за обнова на правната држава по клептократскиот систем воспоставен од поранешната влада, додека за случаите врз коишто работеше поранешното Специјално јавно обвинителство, оцени дека е позитивно што се активни и продолжуваат да се процесуираат од редовното Јавно обвинителство. Во тој контекст, претседателот подвлече дека е важно да не се дозволи преку застарување да се случи „скриена амнестија“ на сторителите на тешки кривични дела поврзани со високата корупција.

Претседателот Пендаровски побара новиот Закон за јавно обвинителство да биде изработен според највисоките европски стандарди, образложувајќи дека е подобро темелно да се изработи, отколку да се брза и преку непринципиелни политички компромиси да се компромитира борбата со високата корупција. Тој ги поздрави носењето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси и транспарентноста на постапката со којашто се конституираше новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, изразувајќи очекување за активна и неселективна работа на Комисијата, врз основа на законите и заснована врз докази.

Претседателот Пендаровски повика интензивно да се користи експертската помош што ја нуди Германија во делот на реформите во сферата на правната држава, како преку проекти финансирани од ЕУ, така и преку билатералната соработка.

Министерот Мас посочи дека Сојузна Република Германија ќе продолжи видливо да ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската Унија, бидејќи, нагласи, тоа е вистинскиот пат.

На дебатата, покрај претседателот Пендаровски и министерот Мас, учествуваа министерката за правда, Рената Дескоска, претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион4 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија6 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија9 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија10 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија13 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија13 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија13 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија14 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа15 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија15 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија15 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија15 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет16 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет16 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија16 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт17 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие