Билтен
Тачи: Албанците во Македонија да ја земат судбината на правата во свои раце
Политичките случувања во Македонија се доста загрижувачки, претседателот Ѓорги Иванов ги злоупотреби Уставот и законите на еден непријателски и антиалбански пристап кон народ кој сочинува една третина од населението на оваа земја, порача во петокот косовскиот претседател Хашим Тачи, коментирајќи ја одлуката на македонскиот претседател да не му го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Со неговата одлуката Иванов ја погреба демократијата, непризнавајќи ја волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македониците се државотворни народи и Македонија треба да биде држава на сите свои граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на македонската држава. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на нивните права во свои раце“, порача Тачи.
Реакција на одлуката на Иванов во средата упати и албанскиот премиер Еди Рама, кој пак на македонскиот претседател му порача дека „албанскиот јазик не е јазик на непријателите, туку на еден државотворен во Македонија и дека без Албанците нема Макдонија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
