Надворешна политика
Заедничка вежба на специјалните единици на Македонија и САД
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, во понеделникот по повод денот за високи гости присуствуваше во Касарната во Ѓорче Петров каде се одржа заокружување на заедничката вежба на припадници од Полкот на специјални операции на Армијата на Република Македонија, специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и специјалните единици на САД.
Јолевски најнапред упати честитки за успешното одржување на вежбата и истакна дека со поддршка на стратешките партнери, припадниците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за одбрана се гарант за безбедноста и на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата земја.
„Искажувам благодарност до САД и до амбасадата на САД во Република Македонија за поддршката која ја даваат за развојот на македонската Армија. По мојата посета на Командата на специјални операции на САД точно пред две години, во 2015 година ја зајакнавме соработката помеѓу специјалните сили на САД и Полкот за специјални операции. Ова е прва од вежбите што оваа година ја имаме со припадници на САД меѓу кои се вежби од сите сегменти, не само од областа на специјалните операции. Истакнувам дека е воспоставена добра соработка со командата за специјални операции на НАТО и Командата на специјалните сили на САД во Европа“, рече министерот Јолевски.
Ние продолжуваме да ја зајакнуваме Армијата и овие вежби се резултат од декларацијата за нашето стратешко партнерство со САД, каде соработката во областа на одбраната има високо место. Ние ќе продолжиме да ги подобруваме капацитетите на Армијата, како со обуки за припадниците, така и со опрема за Полкот за специјални операции и за сите останати единици на АРМ, додаде министерот.
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли истакна дека се горди да бидат сведоци на соработката на специјалните сили и на нивните прокажани способности.
„Денес имавме прилика да ја видиме кулминацијата од три неделната обука спроведена од специјалните сили на САД од Европската команда. Ова е дел од заедничките напори на Македонија и САД да се справат со тероризмот и затоа сите наши единици треба да бидат подготвени. Ова е само еден пример од нашата многу блиска соработка изминативе години заедно со Полицијата и Армијата. Тоа е знак на продолжување на нашето партнерство. Преку ваквите вежби ние заеднички ќе придонесеме за безбедноста на граѓаните“, истакна амбасадорот Бејли.
Оваа вежбовна активност која е прва годинава се спроведува согласно заедничките програми за обука и тренинг на припадниците на Армијата и е резултат на повеќе годишните активности кои ги имаат Република Македонија и САД на полето на одбраната. На денешната показна вежба беа прикажани дел од активностите кои изминатите денови заеднички ги увежбуваа овие единици. Истата вежба втора година по ред се одржува заедно и со припадниците на МВР. Целта на вежбата е унапредување на интероперабилноста помеѓу специјалните сили на Македонија и САД и унапредување на капацитетите на специјалните сили во Република Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.