Надворешна политика
Министерски состанок на земјите од Западен Балкан „Со заеднички проекти до реформи за побрз влез во ЕУ“
Воспоставување неформален систем за управување со групата од шесте држави од Балкан, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора со ротирачко претседателство од шест месеци, заедничка агенда на полугодишно ниво за конкретни активности и организација на што почести состаноци во насока на утврдување на заедничките цели за поскоро интегрирање на државите во Европската унија, се само дел од заклучоците од Министерскиот состанок за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, што се одржа во четвртокот во македонската престолнина Скопје.
Покрај министрите за надворешни работи од регионот, на состанокот чиишто домаќини беа вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македониј.а Никола Попоски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, присуствуваа и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот фржавен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и фенералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.
„Заедно заклучивме дека последниот самит за интеграција на Балканот во ЕУ се одржа пред 14 години во Солун, кога ни беше дадена гаранција дека сите земји од овој регион ќе станеме земји членки од ЕУ. Следната година поминуваат 15 години од овој самит, а ние сме надвор од Унијата, по што ќе се постават клучни прашања од наша страна: каква е иднината на ЕУ и каква е нашата иднина во ЕУ. Токму затоа, неопходно е да се воспостави временска рамка на било каков акциски план за нашата иднина во ЕУ. Сепак, Берлинскиот процес што започна во 2014 година, ни даде извесна перспектива дека преку зголемен заеднички ангажман на сите чинители, поизвесно е нашето членство во ЕУ“, истакна Попоски.
Министрите разговараа и за различни форми на поврзување на државите од регионот, со посебен осврт на приоритетите на следното претседавање со оваа група од страна на Италијанската Република, меѓу кои, покрај поврзувањето, се и справувањето со корупцијата и подобрувањето на владеењето на правото. Во тој контекст, министрите изразија загриженост за воведувањето на системот за регистрација – ETIAS, со кој ќе се доведе во прашање безвизниот режим, ќе се ограничи слободата на движењето на граѓаните, што ќе биде спротивен модул на концептот на поврзување што се промовира. Министрите потсетија на заедничкото писмо што го испратија до Унијата, со барање да не се доведуваат државите кандидати или потенцијални кандидати на исто рамниште со трети држави, надвор од европскиот континент, и изразија надеж дека ќе се најде соодветно решение за овој систем.
На состанокот присуствуваа и министри за енергетика на кои во рамки на концептот „поврзување“, фокусот беше ставен врз енергетската поврзаност на Регионот. Потребата од подобрување на правната рамка во енергетскиот сектор и имплементацијата на што поголем број проекти во оваа сфера беше истакнат како императив во подобрувањето на оваа индустрија. За таа цел, како еден од чекорите во насока на подобра енергетска поврзаност меѓу државите, беа потпишани два договори меѓу Европската комисија и меѓународните финансиски институции, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (REEP Plus – Regional Energy Efficiency Programme) и Фондот за зелен раст (GGF – Green for Growth Fund). Со нив, ќе се финансираат проекти наменети за државите од Регионот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.