Контакт

Надворешна политика

Милошоски на состанок со шефовите на дипломатиите на ЕУ

Објавено пред

Шефот на македонската дипломатија ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во шпанскиот град Кордоба

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, на 5 и 6 март ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Европската Унија, ткн. Гимних (Gymnich), кој се одржува во рамки на Шпанското претседателство со ЕУ во Кордоба. Шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство во ЕУ традиционално учествуваат на завршната сесија на неформалниот состанок, во форма на работен ручек, на која се разгледуваат актуелни надворешно-политички прашања. За време на работниот ручек ќе биде дискутирано за состојбите во регионот на Западен Балкан, како подготовка за состанокот на високо ниво за Западен Балкан кој е предвидено да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни во Сараево, во организација на Шпанското претседателство. Притоа, посебен акцент ќе биде ставен на состојбите во Босна и Херцеговина и Косово.На состанокот ќе присуствува и Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Кетрин Ештон.На маргините на состанокот планирано е министерот Милошоски да оствари повеќе билатерални средби со свои колеги од повеќе земји, известуваат од службата за односи со јавност на Министерството за надворешни работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи: Претседавањето со ОБСЕ во 2023 – уште еден дипломатски успех за Северна Македонија

Објавено пред

На Министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана беше одлучено со консензус, Република Северна Македонија да биде домаќин и да претседава со ОБСЕ во 2023 година, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Денеска извојувавме дипломатски успех за нашата држава. Со консензус, односно сите 56 земји учеснички во ОБСЕ, ја прифатија нашата кандидатура, со што и официјално ни го доделија претседавањето со организацијата во 2023 година, кое ќе следи по Шведска во 2021 година, и Полска во 2022 година“, истакна Османи.

Министерот информираше за текот на подготовките што ќе следат во наредниот период, пристапувањето кон дефинирање на предлог-програмата и дефинирање на нашите приоритети, детализирање на финансиската конструкција, како и формирање на поширокиот тим кој ќе биде одговорен за реализација на активностите до и за време на нашето претседавање.

„Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија, како конструктивен актер и контрибутор во промоцијата на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ“, истакна Османи.

Зборувајќи за меѓународниот успех и признание за покажаниот напредок кој како земја го демонстрираме во изминатите години, како во поглед на домашната реформска агенда, внатрешната кохезија, особено преку уникатниот модел на мултиетнички односи, но така и на меѓународно ниво, во регионални, европски па и светски рамки, Османи потенцираше:

„Тоа пред сè значи можност и за зголемена поддршка на јавното мислење во ЕУ за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во рамките на претстојниот процес на преговори за полноправно членство; но и во изградбата на репутацијата на земјата или политичкиот бренд – Република Северна Македонија, како стабилен меѓународен партнер, дел од современите општествени системи, силен поддржувач на мултилатерализмот – што претставува еден од петте приоритети на надворешната политика“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Северна Македонија активен чинител во спроведување на политиките на НАТО

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и денеска учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО, што заради рестриктивните мерки наметнати од пандемијата се одржа преку видеоврска.

„Ние остануваме посветени на темите од клучно значење за алијансата и како најнова членка ќе продолжиме да промовираме атмосфера и политика на регионална стабилност како клучен двигател за безбедноста и просперитетот на сите земји од Западен Балкан“, истакна Османи, во своето прво обраќање пред колегите-министри на земјите членки.

Во своето излагање Османи истакна дека нашиот придонес ќе продолжи преку посветениот ангажман на Република Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност, со директно учество во воените мисии предводени од алијансата.

„НАТО 2030 – процесот на рефлексија, го гледаме преку визијата за поголема предвидливост на алијансата по 2030, која ќе продолжи да ги спроведува своите клучни задачи и да ги одржува фундаменталните принципи и политики. Алијансата преку овој проект ја гледаме како инструмент кој ќе продолжи да се грижи за нашата безбедност и ќе ни овозможи натамошен просперитет и развој“, потенцираше Османи, истакнувајќи ја значајната улога на алијансата во актуелното безбедносно опкружување и справување со безбедносните предизвици на денешницата.

Агендата на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО опфаќаше повеќе прашања за дискусија од областите на стратешки приоритет на алијансата, вклучително и справувањето со безбедносните предизвици, регионалната стабилност, контролата на вооружувањето, учеството во мисии и операции, а беа разменети и првични согледувања околу презентираниот експертски документ „НАТО 2030“. Исто така, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите што беа предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Иднината на ЕУ е комплeментарна со иднината на земјите од ЗБ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК, со кој претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, а покрај редовното учество на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, беа поканети и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Бaлкан.

„Кога зборуваме за европската иднина на Северна Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови да останат да творат во својата земја. Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот – единствениот одговор на предизвиците за помирување и градење на просперитет и стабилност“, истакна Османи.

Во своето излагање Османи истакна дека иднината на Европа не може да се замисли без интеграцијата на регионот во ЕУ, посочувајќи дека процесот на проширување треба да биде силно вклучен во дебатата за иднината на Европа. Тој се осврна на силната стратешка определеност на Република Северна Македонија за својата европска иднина, придонесувајќи притоа позитивно и кон европските перспективи на целиот регион.

Во делот на дискусијата за справување со предизвиците на пандемијата, беше истакнато дека солидарноста, заедничката соработка и координација се предуслови за глобалната анти – ковид-стратегија. Беа подвлечени досегашните позитивни искуства во справувањето со пандемијата, особено во рамките на копретседавањето на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.

Министрите ја реафирмираа потребата за натамошно подобрување на соработката и координацијата во насока на ублажување на економските и социјалните влијанија на пандемијата.

Агендата на состанокот опфаќаше две актуелни теми: иднината на Европа во светло на отворениот широк консултативен процес во рамките на Конференцијата за иднината на Европа и актуелните предизвици на пандемијата Ковид-19. Посебен простор на состанокот беше даден на група млади луѓе од цела Европа кои ги споделија своите визии за иднината на Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ1 час

Во сообраќајна несреќа загина 25-годишно момче

Дваесет и петгодишник загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. Момчето управувало со...

Македонија3 часа

Заев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да им поминат изборите

Очигледно е дека Република Бугарија ќе ја стави блокадата и ќе имаме вето оваа година, изјави премиерот, Зоран Заев. Тој...

Македонија3 часа

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет4 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија5 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува една страна на да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија6 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија6 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија20 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија21 час

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија22 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија23 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија23 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Досие