Надворешна политика
Милошоски: ЕУ ќе знае да ја донесе најдобрата одлука на претстојниот самит во Луксембург
Милошоски смета дека на Самитот на ЕУ во Луксембург членките на Унијата ќе знаат да ја донесат најдобрата одлука во однос на добивањето датум за преговори меѓу Македонија и ЕУ, а од Грција очекува таа да вложи дополнителни напори и да ги согледа вистинските интереси на ЕУ
Во изјава за медиумите по обраќањето пред Постојаниот комитет на ОБСЕ, министерот Милошоски во Виена рече дека мнозинството земји навистина се залагаат Македонија да го добие она што го заслужува и оти Грција не треба нивните билатерални проблеми кои се поврзани со нивните внатрешни случувања да ги користи како препрека да добиеме политичка верификација на препораката на ЕК.„Сметаме дека тоа не е најдобриот начин како една земја членка на ЕУ треба да се однесува кон своите соседи и кон регионот и би било најсоодветно Република Грција ако вложи дополнителни напори да ги согледа вистинските интереси на ЕУ, големата слика на регионот, и да дојде до едно сопствено убедување дека поддршката за Република Македонија да ги отпочне преговорите за членство ќе значи корист и за Грција и за Македонија и за целиот балкански регион и за ЕУ, рече министерот Милошоски.Како што јави извесувачот на МИА, според Милошоски блокадата доколку се случи нема да му помогне на процесот врз основа на кој Грција се обидува да блокира и истакнува дека и во тој контекст на билатерален план поддршката за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ ќе значи и суштинска поддршка за создавање многу подобри околности за надминување на билатералниот спор.„Ако ние имаме билатерални разговори во кои и двете страни се определени да стигнат до одреден резултат кој би можел и на македонски и на грчки да биде преведен како компромис тогаш сметам дека блокирањето може да му наштети на тој процес и на тие напори, додаде македонскиот шеф на дипломатијата. Сепак, министерот за тоа дали постојат шанси за добивање датум за почеток на преговори на Самитот во Луксембур вели дека тоа зависи од ЕУ. Мислам, рече тој, дека земјите членки ќе знаат да ја донесат најдобрата одлука.Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога би се решил спорот за името, министерот потенцира дека билатералниот спор постои 20 години и оти секој изминат ден од тие години се соочуваме со дилемата кога ќе дојде времето тој спор да се надмине, кој, како што рече, е прилично ирационален.„Од наша страна сметаме колку побрзо толку подобро и за двете страни да се надмине овој спор. Но истовремено надминувањето на спорот мора да биде на рамноправна основа, бидејќи се работи за име на една држава, за националното достоинство на Македонците и се работи за билатерален спор кој сметаме дека не треба според својот потенцијал и ирационалност да го држи во заложништво процесот на евроинтегрирање на Македонија и воопшто кредибилитето на овој процес кај балканските држави“, рече министерот Милошоски.За тоа како ги коментира информациите дека амбасадорите на ЕУ и НАТО подготвуваат предлог за името, министерот истакна дека таков мандат има посредникот Нимиц.„Единствениот овластен и најупатен во целиот овој грчки македонски спор е Нимиц кој има мандат да посредува меѓу двете страни. Ние ја даваме нашата поддршка и сметаме дека тој е адресата и факторот и чинителот кој и во минатото и во иднина ќе се обидува да формулира одредени идеи што може да бидат разгледувани од официјална Атина и Република Македонија“, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој вчера и денеска престојуваше во Виена каде се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер и во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа се обрати на сесијата на Постојаниот комитет на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.