Надворешна политика
„Македонски“ со дообјаснување во заграда осамна во регистарот на ОН

„Македонски (на поранешната југословенска Република Македонија) е формулацијата што вечерва осамна во регистарот на Обединетите Нации во графата за именување на јазикот што се говори во Македонија
Слична формулација е употребена и на останатите јазици што се употребуваат во регистарот. Поимот „македонски“ беше избришан од повеќејазичната терминолошка база на Обединетите Нации (United Nations Multilingual Terminology Database), што се совпадна со изоставувањето на истиот поим од годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Министерството за надворешни работи реагираше до Кабинетот на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и до Секретаријатот на светската организација со барање за враќање на терминот „македонски“ за именување на јазикот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи – Ѓукановиќ: Нема отворени прашања меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
„На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји за кои беше потенцирано дека се без отворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка за што постои интерес и потреба“, беше истакнато од страна на соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската Унија“, соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
„На тој пат би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и особено да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање нови перспективи за нашите земји и за граѓаните, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.
Македонија
Османи: Без разлика на предизвиците, интеграцијата во ЕУ нема алтернатива

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во рамките на официјалната посета на Црна Гора оствари средба со црногорскиот колега Ѓорѓе Радуловиќ. На средбата беа реафирмирани традиционални и пријателски односи меѓу двете земји, а беше нагласена и подготвеноста да се изнајдат конкретни форми за збогатување на секторската соработка, особено во реалниот сектор – економијата, размената, туризмот итн.
„Секогаш е убаво да се биде меѓу пријатели, во посета на пријателска земја, а Северна Македонија и Црна Гора се добар пример за тоа. Денешната посета на Црна Гора ја сметам за важна како за нашите билатералните односи, за кои исто така сметам дека се одлични, така и за целиот регион, кој сѐ уште е обременет со сериозни предизвици, особено за неговата европска иднина“, истакна Османи упатувајќи благодарност до колегата Радуловиќ за пријатното гостопримство на неговата прва посета на Подгорица.
Покрај билатералните односи, на средбата беа отворени и темите за соработката во рамките на НАТО-сојузништвото, како и заокружувањето на европската перспектива на двете земји .
„Процесот на проширување на ЕУ, или да се изразам попрецизно – заокружување или обединување на континентот во еден сојуз – нема алтернатива. Кога се работи за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ, не се поставува прашањето дали, туку како и кога!“, истакна Османи.
Посетата на министерот Османи во Подгорица продолжува со негови средби со претседателот на државата, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
Македонија
Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и дека се работи за надминување на проблемот со регистрацијата на вакцините.
„Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините на ‘Фајзер’ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини на Фајзер’, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде што велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, изјави Брнабиќ.
Таа информира дека со изутринава ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани лица во Србија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот