Надворешна политика
Јовановски: Дали владата сака да не внесе во НАТО

Потпретседателот на опозициската СДСМ, Зоран Јовановски, изрази отворено сомневање дека Владата има искрени намери да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО
Учествувајќи во дебатата под наслов „Економските импликации од членството на Република Македонија во НАТО“, Јовановски ги отфрли тврдењата на владата дека сторила се што е до неа во евроатланските интеграции, бидејќи Македонија, според него тапка во место.„Наместо владата да прикажува состојба во која направила се што е до неа на патот кон евроинтеграциите, постојат еден куп области во коишто може да направи многу работи за да го подготви општеството што побезболно да се приближи и влезе во ЕУ и НАТО“, рече Зоран Јовановски.Тој вели дека приказната не треба да застане со тоа што Македонија е пофалена помалку или повеќе во некое поглавје, бидејќи, според него, државата нема објективен прогрес и се наоѓа на истата точка каде што била пред пет години. „На крајот на краиштата секој проблем може да се реши, доколку сакате да го решите. Дали оваа влада сака да ги реши сите проблеми коишто стојат на патот за влез во ЕУ и НАТО, тоа е прашање за владата“, изјави Јовановски.Истакнувајќи дека не постои друга алтернатива освен влез во ЕУ и НАТО, Јовановски предупреди на опасноста дека Македонија ако не влезе во ЕУ и НАТО, може да стане „мочуриште“.Учесниците во дебатата организирана од Институтот за социјална демократија „Прогрес“ и фондацијата „Фридрих Еберт“, истакнаа дека со влезот на Македонија во НАТО значително ќе порасне бројот на странски директни инвестиции. Притоа како пример беа приложени статистички податоци од некои соседни земји, каде што бил евидентиран драстичен скок на инвестициите со влезот на државата во НАТО.Поранешниот заменик-министер за финансии и член на НСДП, Предраг Трпески истакна дека доколку Македонија во 2008 г. влезеше во НАТО, ефектите од светската економска криза ќе беа многу помали.Модераторот на денешната дебата, Сашо Додовски истакна дека практиката на голем број конзорциуми во светот е да инвестираат исклучиво во држави членки на НАТО.„Од друга страна постои и непишано правило, според кое Алијансата кога инвестира во одредена работа, ангажира фирми исклучиво од државите членки на НАТО“, рече Додовски.На забелешките до организаторот зошто во дебатата се поканети само претставници на опозиционите партии, Додовски рече дека покана за учество била упатена и до претставници на други партии, експерти и невладини организации, изразувајќи притоа надеж дека наскоро ќе се организира дебата на истата дебата, но во поширок состав
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи – Ѓукановиќ: Нема отворени прашања меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
„На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји за кои беше потенцирано дека се без отворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка за што постои интерес и потреба“, беше истакнато од страна на соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската Унија“, соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
„На тој пат би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и особено да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање нови перспективи за нашите земји и за граѓаните, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.
Македонија
Османи: Без разлика на предизвиците, интеграцијата во ЕУ нема алтернатива

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во рамките на официјалната посета на Црна Гора оствари средба со црногорскиот колега Ѓорѓе Радуловиќ. На средбата беа реафирмирани традиционални и пријателски односи меѓу двете земји, а беше нагласена и подготвеноста да се изнајдат конкретни форми за збогатување на секторската соработка, особено во реалниот сектор – економијата, размената, туризмот итн.
„Секогаш е убаво да се биде меѓу пријатели, во посета на пријателска земја, а Северна Македонија и Црна Гора се добар пример за тоа. Денешната посета на Црна Гора ја сметам за важна како за нашите билатералните односи, за кои исто така сметам дека се одлични, така и за целиот регион, кој сѐ уште е обременет со сериозни предизвици, особено за неговата европска иднина“, истакна Османи упатувајќи благодарност до колегата Радуловиќ за пријатното гостопримство на неговата прва посета на Подгорица.
Покрај билатералните односи, на средбата беа отворени и темите за соработката во рамките на НАТО-сојузништвото, како и заокружувањето на европската перспектива на двете земји .
„Процесот на проширување на ЕУ, или да се изразам попрецизно – заокружување или обединување на континентот во еден сојуз – нема алтернатива. Кога се работи за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ, не се поставува прашањето дали, туку како и кога!“, истакна Османи.
Посетата на министерот Османи во Подгорица продолжува со негови средби со претседателот на државата, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
Македонија
Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и дека се работи за надминување на проблемот со регистрацијата на вакцините.
„Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините на ‘Фајзер’ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини на Фајзер’, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде што велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, изјави Брнабиќ.
Таа информира дека со изутринава ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани лица во Србија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот